Неразбирлива и вчудоневидувачка е интонацијата на изјавите на премиерот Груевски кои звучат релативизирачки. Ова се дел од обвинувањата на претседателот на социјалдемократите Бранко Црвенкоски кои ги изјави вчера од Вевчани. Ако не можи да се смени политиката на власта треба да се смени власта. Вака вчера обвини претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, користејќи прилика при посетата на Вевчанскиот карневал. Тој е задоволен од делувањето на партијата на овој регион, но сепак треба дополнителни укажувања за транспарентност кон општинските ограноци.Реагираме и делуваме дирекно во јавноста. С…
Вевчанскиот говор месното население активно го користи во меѓусебна комуникација. Овој говор е жив, а ние треба да сме среќни поради тоа, затоа што на овој начин се претставува духовната култура на еден народ, вели професорот по македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје Људмил Спасов. Вевчанскиот говор е локален, но него не го има само тука кај нас, туку тој се користи и во с Лин и Рајца, Албанија.Овој јазик бил предмет на истражување на многу професори, уште од времето на шафарик пред стотина години, вели авторот на вевчанскиот речник Анастас Ќушкоски. Специфични Зборови за вевчан…
Секој верски празник треба достојно да е одбележан според старите кажувања на верниците. Стружани после три години се собраа на посна трпеза, и заиграа Бадниково оро покрај големиот оган распламтен како адет, за Бадник.Со вино, ракија и посна трпеза со гомлезе плашици, риба, македонска сарма и колачи, стружани синоќа го одбележаа големиот христијански празник Бадник. После три години, здружение на граѓани од Струга одлучиле да и се вратат на старата традиција. Распламтениот бадников оган гореше на женска плажа. Силниот ветер и дождот не ги спречи верниците масовно да се соберат и да наздрав…
Овој месец, се очекува да се донесе конечната пресуда за 15 те инволвирани лица во аферата „Изгрев“. Бранителите се пред завршните зборови. Тие побараа ослободителна пресуда бидејќи според нив во досегашната постапка и од материјалните и вербалните докази не биле докажани делата за кои се товарат13 месечниот притвор на браќата Миладинови сеуште трае и засега нема судска разрешница. Познато е дека Јавното обвинителството ги терети за организиран криминал и корупција. Деновиве за 7 од вкупно 15 обвинети, за случајот „Изгрев“, бранителите изнесоа завршен збор. Адвокатите на браќата Ѓорѓи и Ди…
Добро ја заокруживме минатата година, се фали струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Тој признава дека локалната администрација одреден период за време на изборите била запоставена но сепак резултатот се покажал како добар.Економската криза и изборите беа покарктеристични настани кои се рефлектираа врз работата на повеќето општини во републиката. Општина Струга по се изгледа добро исплива на површина и се справи со зацртаните работи предвидени во буџетот за 2009 год. Според сите сумирани работи од постигнатите резултати и сами сме изненадени изјави градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерк…
Книгата „Албанска Македонија“, на Нијази Мухамеди, во која се вели дека Бигорски бил албанец е чиста злоупотреба на историјата со крајна исполитизираност.Тоа се невистини, грубо извртување на историските факти кон православните светилишта и споменици во Р. Македонија смета доцент доктор Сашо Цветкоски.Манастирот Св, Јован Бигорски отсекогаш бил чувар на словенскиот дух. Ова е основната вистина која е општо признаена во светот. Деновиве книгата на Нијази Мухамеди „Албанска Македонија“, во која се вели дека Бигорски бил Албанец, на нозе ги дигна релевантните луѓе добрите познавачи на култура…
Петрески и Мерко реални пред настаните што ја одбележаа според нив 2009 год. Иако дијаметрално спротивни во ставовите, Петрески жали за тоа што Македонија сеуште не е во НАТО и ЕУ интеграциите, наспроти Мерко кој се фали за успехот што го постигнал на полето на соживот во Струга.Одговорно, спротивно и реално сумирано на само неколку часа од 2009 год. Најекспонираните и најбарани ликови кои ги носат главните ингеренции во општините во кои делуваат секако дека се татковците на градовите. За Охридско –струшкиот регион секојдневно се пишува, се коментира, критикува, фали како медиумски така и …
Од 250 хектари обработена и посеана површина со пченка и пченица не остана ништо. До гуша во кал, неколкуте вработени во ова претпријатие се справуваат со катастрофата. Тие велат државата е виновна за тоа бидејќи водостопанство години наназад не ги чисти каналите.Во вода паднаа 250 хектари обработена и посеана површина со пченка и пченица. Познатото Струшко поле поплавено. До гуша во кал, неколку сточари се справуваат со настанатата катастрофа. Инаку во времето на бивша Југославија Струшко поле само во делот на сточарството броело 1000 вработени. Денес на раб на егзистенција тука опстојуваа…