Предупредувањата на адвокатите се остварија. Започна присилната наплата од граѓаните за радиодифузна такса. Први на удар фимите.Судските извршители ги превзедоа работите во свои раце, започнувајки со реализација на решенијата доставени на 18 мај 2009 год. Граѓаните револтирани што присилно им се олеснети сметките за 8 и пол ијади денари. Оваа сума е минимална и се однесува за фирми кои имаат до 20 вработени, додека за оние со повеќе вработени сумата е поголема. Револтот се зголемува поради фактот што парите се земени без претходно фирмите да бидат тужени поради неплаќање на обврската. Но …
Ќе се користат само две комбиња осум плус еден и тоа во ридско планинските предели. За останатите линии еден од условите за добивање лиценца се комбиња за превоз на шеснаесет патници плус еден. Таа одлука согласно законот, има право да ја донесе Советот на општина Струга, вели секретарот на општината Зоран Гулицоски. Новините за линискиот превоз воглавно се однесуваат на условите кои што треба да се исполнат за добивање лиценца. Досега комбињата 8+1 возеа на редовните линии низ струшките села и приградски населби. Според проценка на стручните тимови на локалната самоуправа во Струга, реална…
Екипите на ЈП „Комунално“ Струга, од ноќните часови на терен. Чаршијата свети од чистота, но улиците низ Струга недоволно третирани и го отежнуваат сообраќајот.Струшкото ЈП „Комунално“ успешно се справи со снегот. Обврската на поголемиот дел од вработените на претпријатието била насочена кон расчистување на снегот, бидејќи без тоа невозможно е да се подигнува сметот, вели првиот човек на Комунално, Петко Кутаноски. Кутаноски, денеска, поради снегот, ги одложил поголемиот дел од своите обврски. Тој со екипите излегол на терен со цел да им овозможи на Стружани без проблем да излезат, да проше…
Ова се дел од коментарите на граѓаните на општина Струга. За надлежните се е нормално, велат инвеститорот ги има сите потребни дозволи.На сред струшката чаршија се руши една од најстарите градби. Цели две недели не попушта старата зграда на некогашниот струшки Комитет и местото од каде е емитуван првиот сигнал на Радио Струга. Рушењето е отежнато поради јаката арматура и цврстата градба. Пола чаршија е узурпирана, граѓаните велат дека ова само во Струга може да се случи. Ниту еден од нив не сакаше да застане пред нашата камера и гласно да проговори, со изговор дека се плашат,,што и да кажат…
Социјалдемократите имаа низа забелешки околку работата на советот, ДПА со доза на резервираност дека позицијата не им верува, а од ПЕИ даваат поддршка на забелешките со обвинување дека координациите на седниците немаат тежина.Изјавата за поделбата на плажите дадена неодамна на првиот човек на струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Славко Котески, причина за дискусија и на 10-тата седница на Советот на општина Струга. Имено, Илија Мацески од СДСМ Струга побара да се дополни дневниот ред со точка, до каде е распределбата на струшките плажи. Тој во интерес на јавноста потенцираше дека мора да се доб…
Од локалната самоуправа се правдаат дека во најбрз можен рок ќе се надмине проблемот, но со сигурност незнаат кога. Клучот лежи во мерните коли на ЕВН.
Населбата Плитиште и ул. Ристо Крле, посебно се издвојуваат на таа листа. Овој проблем е хроничен и досега никој од одговорните структури на Локалната самоуправа нема излезено со став за проблематичната состојба.Постои сериозен проблем по ова прашање велат од Локалната самоуправа на општина Струга. Одговорниот Тажгур Сулејмани вели дека осветлувањето во глобала е задоволително ако се замат предвид и 50 села во струшко. Сулејмани додава дека …
Во СОУ „Нико Нестор“-Струга, доволно е топло за изведување настава, тврди директорот на училиштето. Оваа изјава следува по реакцијата на родители на деца од ова училиште кои се пожалиле дека после 15 часот попладне, парното греење се исклучува.Нов проблем во Струшките гимназии. Системот за парно греење е единственото заедничко нешто што го имаат двата струшки средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“.Деновиве до нашата редакција група родители се пожалија на проблем.„Последните два часа од втората смена во СОУ „Нико Нестор“, нашите деца дома доаѓаат премрзнати, велат дека парното у…
Струшките кафулиња под клуч. Тие денес се придржуваат кон иницијативата на угостителите при Сојузот на стопански комори на Македонија, со цел да го изразат незадоволството и несогласувањето со постоечкиот Закон за заштита од пушењето.Утрово осамнаа празни простории на кафулињата во Струга. Редовните и случајните муштерии со доза на резева проверуваа од врата на врата по кафулињата несвесни дека 24 часа нема каде да се сретнат со најблиските и да разменат по некој лав муабет. Класична хајка во угостителството. Да не се вулгаризира кафаната како институција, порачуват кафанџиите. Под мотото „…