Цел рид доцна синока се урна над струшкото село Вевчани. Настрадаа неколку куки и здраствениот дом. Штетата е огромна. Причина за нереќата се обилните врнежи и топењето на снегот, поради што дојде до лизгање на земјиштето.Жителите на Вевчани преплашени од тоа што го виделе. Цела ноќ ја поминале во ублажување на состојбата.И градоначалникот на Вевчани Перо Дујкоски работеше со жителите на Вевчани. Вели дека бидат потребни многу пари за санирање на штетите.Од лавината е уништен и просторот каде беше предвидено да се гради и фудбалски стадион, додава тој.Од центарот за упавување со кризи инф…
Мобингот се поприсутен и во нашата средина. Се почесто има пријави за вознемирување на работниците и во приватните фирми и во јавните служби истакнува Драган Цветаноски од ОО Сојузот на синдикати.„Во регионот на Охрид до општинската синдикална организација има пријави од работници, но тие претежно сакаат да останат анонимни. Стравуваат дека ќе останат без работа“ -појаснува Цветаноски. Во Охрид досега нема случај ни на покрената судска постапка и покрај сознанијата дека има мобинг врз работниците, кажува Цветаноски. Причината за ваквата ситуација е во тоа што разните видови вознем…
Во акцијата за деминирање на дното на Охридското Езеро која заврши денес извадени се околу 7 тони оружје или 3.500 неексплодирани убојни средства.Од нив 2850 се со голем,а останатите со помал калибар. „Убојните средства потекнуваат од Балканските,од Првата и Втората светска војна, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. Тој додаде „Извадивме се што пронајдовме, но вакви акции ќе има и понатаму. Во иднина езерото ќе го чистиме во поголема длабочина и тоа кај местата Калишта, Радожда Пештани и кај плажата “Кадмо”,изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спа…
Локалните патишта во Струга во катастрофална состојба. Ударните дупки секоја година на истите места се отвараат а се создаваат и нови. Не остана ништо од струшките улици. Многу возила се оштетени поради огромните дупки на патот кои се сериозна опасност за нормалното одвивање на сообраќајот. Од Локалната самоуправа во Струга велат дека се свесни за состојбата и дека се повторува секоја година во месеците јануари, февруари и март кога се отварат старите дупки кои во минатата година биле санирани. Секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски вели дека временските услови, дождот, снегот и мр…
Иако овој проблем сериозно се надвиснува не само во Струга туку и пошироко, надлежните седат со скрстени раце и досега не мрднале ниту со малиот прст, сметаат еколозите од Струга. Покачениот водостој на Охридското езеро освен што е критичен и за 11 см ја надмина законски пропишаната кота со Р. Албанија, дополнително ја влоши состојбата и со реките и речните сливови во Охридско –струшкиот регион. Мате Гогоски, екологист од Струга, вели дека не памети ваква рамнодушност на надлежните пред една сериозна состојба, која во најмала рака може да нанесе катастрофални и несогледливи последици. Тој …
После само една година од отварањето на пратеничката канцeларија на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, промовиран нов магазин, „Шо напрајфме“. Станува збор за издание во кое критиките нама да се дел од практиката на пишување на тимот кој стои зад него, вели уредникот на „Шо напрајфме“ Кристина Тодороска Петреска. Таа додава дека сакале отворено да проговорат за актуелните состојби во Струга, најпрво преку идеја за ѕиден весник која прераснала во нешто поголемо, магазинот „Шо напрајфме“.Првиот тираж на весникот е 500 примероци. Тој е бесплатен и планирено е да излегува секои три месеци. Прим…
Се исполнија очекувањата на управата за јавни приходи. 4 041 даночни обврзници поднеле годишни извештаи за исплатени приходи во 2009 година на подрачјето во Охридско-струшкиот регион. Ова се податоци до 15 февруари и не се конечни велат од регионалната дирекција на УЈП во Битола. Портпаролот Снежана Стојаноска кажува дека процентуално бројот на поднесени извештаи од даночни обврзници е 94% и очекува тој процент да се зголеми.Стојаноска потенцираше дека управата ќе инсистира на точно запазување на роковите и изрекување на казни не само за неподнесување, туку и за задоцнето поднесување на дан…
Преку средба со македонските хотелиери и туроператори ќе се запознаат со македонската туристичка понуда и ќе се обидат да им ја приближат на потенцијалните туристи од Холандија. Оптимизмот присутен и кај двете страни.Обид да се вратат холандските туристи во Охрид. Во Охрид се одржа неформална средба помеѓу преставници на холандските туроператори и македонските хотелиери и агенциски работници. Директорот на агенцијата за промоција и развој на туризмот, Зоран Стрезоски изјави дека средбата е резултат на македонската промоција и презентација на саемот во Утрехт, Холандија, кога истата наченлно…