Стартува примената на ознаките МКД за сите фирми кои увезуваат стока. Трговците на бела техника, обувки, текстил, храна и козметика мора да поседуваат за увезената стока декларација напишана на кирилично писмо и македонски јазик, со задолжителен меѓународен код за Македонија, информира раководителот на пазарниот инспекторат Ѓорѓи Бошалески. Поголемиот дел од трговците се крајно изненадени од новиот законски пропис. Измените се во согласност со Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија. Во текот на двата изминати месеци пазарните инспектори им укажувале на трговците за зако…
Успешно се одвива вештачкиот мрест на охридската пастрмка. Собрани се над 1.900.000 икри кои се во границите од очекуваните 2 милиони. Со овој податок е надминат првичниот песимизам за мрестот на овој ендемичен вид кога стартот покажуваше дека популацијата на пастрмката е драстично намалена. Споредено со 2009 година годинешниот мрест е далеку попозитивен, истакнува Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт. Езерото ќе биде порибено со поголем број на риби бидејќи годинава има помала загуба на оплодените икри. Тоа се должи на новата инсталација која за прв пат се користи во нивната …
Струга од сите страни се штити од поплавите. Екипите на МЈП „Проаква“ 24 часа на терен. Повеќе критични точки се третираат деноноќно. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, сеуште e оптимист во своите изјави дека ќе се надмине состојбата со високиот водостој на Охридското езеро. Мерко истакна дека состојбата во Струга е под контрола. Тој додаде дека моментално најмногу се сконцентрирани на еден од најважните потези, а тоа е северниот канал на патната магистрала Струга – Ќафасан. Според него тој канал ги опфаќа водите на цела источна страна.Населбата каде што живее ромското населени…
Стружани релаксирани за состојбите со водостојот на Охридското Езеро. Дел од повозрасните кои се сеќаваат на времето на поплавите во Струга во 1963год. велат дека нема место за паника.Охридско – стушкиот регион скениран од локалните и државните тимови за заштита и спасување. Вчера попладне детално се разгледувала состојбата со водостојот на Охридското Езеро. Присуството на терен, на дел од министрите на Владата на Р. Македонија, допринело да се превземат најнеопходните мерки за намалување на водата во Охридското езеро. Таа деновиве според последните податоци на надлежните е на кота од 25 с…
Деновиве Струга ја посети амбасадорот на Р. Албанија за Македонија, Арбен Чејку. Целта на посетата беше воспоставување соработка меѓу студентите на Македонија и Албанија во сферата на дипломатската економија. Амбасадорот Чејку при посетата даде свој коментар, како ќе влијае назначувањето на првиот амбасадор од Косово во Македонија врз односите на двете земји.Чејку рече дека веќе остварил средба со новиот амбасадор на Србија и Косово за Македонија. Истакна, дека познати му биле првите реакции на Србија и додаде дека Косово е реалност прифатена од најдемократските земји во светот и не би тре…
Искуствата и праксата од Шпанија пренесени во Струга. „Дозволете да развиваме нови вештини“ е новиот проект на „Порака нова“ , струшкиот центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост. Анита Гаговска, координаторот на овој проект вели дека посебно е задоволна што едно високо светско искуство за прв пат се применува во Македонија. Станува збор за примена на електронска база на податоци за лица со интелектуална попреченост. Во проектот предвиден е рекреативен центар кој во целост е преточен од шпанските искуства додава Гаговска.„Во четири работилници ќе се…
Се превземаат сите мерки за заштита од вишок вода на Охридското Езеро. Државните и локалните тимови за заштита и спасување се обединија. Тие денес за прв пат седнаа на иста маса.Домаќин на средбата во Охрид беше струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Министерот Јанакиески отиде на лице место во струшкиот регион, Коњаноски во охридскиот, а Петрески во Австралија.Доколку дојде до поплава во критичните населени места Пештани и Радожда, одговорните, сеуште немаат идејно решение каде ќе го евакуираат населението. Новите врнежи на снег и зголемувањето на температурата уште повеќе го загрижи месното…
Локални езера среде Струга. Поради неможноста пацинтите да доаѓаат во ординацијата приморани сме да ги посетуваме дома, велат од Приватната здравствена установа Хаџер, Струга.Два месеци езеро пред ординацијата на д-р. Хаџер Алиет. Пациентите кај својот матичен лекар можат да дојдат само со чизми. „Проблемов се пролонгира од пред Нова година. Реагиравме до сите надлежни институции но нашите забелешки не ги сватија сериозно“, вели д-р Хаџер Алиет од ПЗУ „Хаџер“ Струга.„За моите пацинти јас се направив услужен ценатар или одам дома за да ги прегледам или им носам рецепти. Вака не се работи“, в…