Кога се сака се се може. Од 20 до 25 овој месец во Охрид за прв пат се оддржува меѓународна ликовна колонија на телесно инвалидизираните лица. Македонскиот сојуз, настапува заеднот со претставниците на телесно инвалидизираните лица од Србија. Овие два сојузи веќе осум години се збратимени. Претседателот на Националниот Сојуз на телесно инвалидизираните лица на Македонија, Миодраг Игњатовиќ, вели дека од соседите од Србија години наназат црпеле искуства и стекнале големи знаења што веќе започнале да ги применуваат и кај нас. Претседателката на Северно Банатскиот реон, Славица Зориќ, вели дек…
Една деценија во недостиг на сонце и светлост во својата соба на ул. Васил Стефоски бр. 72, живее Добривоје Михајловиќ. Михајловиќ раскажува како со својата сопруга 10 години не виделе бел ден во сопствената куќа, заради дивоградбата која нивниот сосед ја исправил во неговиот двор на само 35 сантиметри од прозорецот. Тој исцрпен од долгогодишните талкања по вратите на надлежните институции, вели дека нема повеќе каде да се обрати за да ја добие правдата.„Судската процедура за нарушено владение тече уште од 1962 година и е завршена само една фаза“, вели Михајловиќ. Тој додава оти неодамна би…
Никој нема право да оттуѓи имот од МПЦ. Во Октиси ќе се гради светиот храм-црквата „Св. Димитрија“. По половина година од немилиот настан на 15-ти ноември, кога за време на поставувањето на темелите за црквата Св. Димитрија градежниот инспектор од Струга, а по налог на градоначалникот Рамиз Мерко, ги стопира активностите, донесено е извршно решение од страна на Министерството за транспорт и врски. Според хронолошкиот приказ на сите настани поврзани за возобновувањето на црквата Св. Димитрија, Отец Зоран Попоски вели дека овој Божји храм првично бил возобновен 1971 год. од страна на ме…
Невистини и шпекулации се шират дека скенерот во Специјалната болница „Св. Еразмо“ не е во функција. Директорот на оваа медицинска установа Митко Тилев, вели дека и до него допираат разни гласини дека постои некаков проблем со скенерот во неговата болница, заради што пациентите се преупатуваат до приватните клинички центри. Тој категорично ги отфрла ваквите инсинуации и застанува на страната на пациентите. Тилевски вели дека нема потреба корисниците кои имаат потреба од здравствена услуга скенер, да плаќаат преку леб и погача.Заради објективни причини скенерот во „Св. Еразмо“ минатата год…
Во организација на Американската амбасада се одржа предавање во Струга на кое беа согледани американските искуства во оваа област и можноста за нивната примена кај нас.Приватно јавно партнерство, начин за излез од кризата во која западна туризмот кај нас. Станува збор за еден од начините на финансирање на локалниот развој, кој може да биде применет и во сферата на туризмот. Владислав Жупан од Локалната самоуправа од Струга информира дека голем број проекти како на локално, така и на национално ниво стојат нереализирани токму поради недостигот на финансиски средства. Приватното јавно партнер…
Приведени 37 лица, осомничени за примање мито и злоупотреба на должност, поради посредување при давање на инвалидски пензии. Дел од синџирот бил и реномиран доктор психијатар од општата болница од Струга. Метастаза – Нова акција на МВР. Над 30 доктори и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се уапсени денес под сомнение дека ја злоупотребувале својата функција и дека примале мито при издавање на инвалидски пензии. Осомничените се товарат дека помагале при издавање на инвалидски пензии, за соодветен паричен надомест кој се движел од 2 до 5 илјади евра.Приведените МВР ги …
Исчезна 17- годишна девојка С. Р. од струшкото село Октиси. Настанот во СВР го пријавила мајката на девојката уште во саботата, кога кажала дека девојката не се вратила дома. Се`уште не се знае дали станува збор за исчезнување или за бегање поради недозволена љубов. Неофицијално, дознаваме дека С.Р. веќе еднаш го напуштила домот за да биде со момчето со кое била во љубовна врска. Полицијата е на терен и работи на расветлување на случајот. {loadposition content9}
Надлежните неподготвени за коментар околу квалитетот на водата во Охридското Езеро. Имено Министерот за ЖСПП Неџати Јакупи не располагаше со никаков податок и неможеше со точност да каже дали езерската вода е загадена или не. Тој во прилог на ова рече „како министерство свесни сме дека постои проблем и во најскоро време треба да предложиме конкретни мерки за да го надминеме на истиот“.За да добиеме попрецизни информации Јакупи не упати на надлежните институции за испитување на квалитетот на водата во езерото. Директорот на Регионалниот центар за Јавно здравство, Атанаско Михаилов рече дека…