Мај 11, 2010

Се шушка во Струга

Претседателското место на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ тема број еден во струшката чаршија.  Како можни кандидати се спомнуваат имиња на активисти кои се на челните позиции на институции, професори, сопственици на кафулиња, адвокати. Меѓу нив е и името на Надица Николовска, раководител на пазарниот инспекторат од Струга, Стефан Томаноски, сопственик на кафетерија, Боро Симјаноски, адвокат, Васил Максимоски, професор, Станислав Буклиоски ,доктор, Мирко Савески, екс директор на СИЗ и Тони Чуркоски професор. Интерес за оваа позиција пројавиле 27 кандидати. Пратеничката од редовите на ВМРО…

Мај 10, 2010

ДПА со критики кон Мерко

„Помина една година од кога вие го реизбравте за градоначалник Рамиз Мерко. Многумина од вас можеби и очекуваа градоначалникот по повод едногодишнината од неговото реизбирање во градоначалничката фотеља, да излезе со извештај за неговата работа, но тоа за жал не се случи. А и за што да ви дава отчет?“ прашуваат од огранокот на ДПА од Струга. Првиот човек на оваа партија Зиадин Села, уште обвинува дека од инвестициите за албанските населени места , кои ги ветуваше градоначалникот нема ништо. Наместо да се инвестира онаму каде што е повеќе од неопходно, парите се трошат за инвестиции во Збажд…

Мај 8, 2010

Груевски пресече уште една црвена лента

Денес во Охрид од страна на ЈП за стопанисување со стамбен и деловен простор беше предадена за употреба првата зграда кај населбата Расадник која отпочна да се гради на 8 ми август 2008 година. Црвената лента ја пресече Премиерот Никола Груевски бидејќи за нејзината изградба финансираше Владата на Р Македонија. Премиерот потенцираше дека првите 70 станови се од комерцијален карактер и според него поволност за купувачите е што е понудена пониска продажна цена за метар квадратен. За оваа зграда Владата финансирала 100 милиони денари а толку ќе се инвестирало и за останатите три згради. Пуштањ…

Мај 7, 2010

Европа на мостот во Струга

Штандовите на неколкуте земји членки на Европа, претставени од струшките училишта, одлично ги доловија спецификите на земјата која ја претставуваа. Високиот меѓународен претставник, Ерван Фуере, ги разгледа сите штандови на кои беа запазени традиционалните обележја на земјата која ја претставуваа и рече дека само вака Македонија е се поблиску на патот за влез во Европа. Фуере оптимист дека се ближи датумот за решавање на спорот со името и покрај вчерашните изјави на известувачот на ЕУ за Македонија, Зоран Талер дека до крај на шпанското претседателство тоа нема да се случи.Градоначалникот н…

Мај 8, 2010

Светите мошти на Св. Георгиј Победоносец донесени во струшкиот храм Св.Ѓорѓи

Голем број верници, во Струга, синоќа во црковниот храм Св.Ѓорѓи се помолија и ги целиваа светите мошти на Св. Георгиј Победоносец. Монахињите од истоимениот манастир од Рајчица ги донесоа светите мошти пред да се изведе вечерната служба. Стружани имаа можност да учествуваат на литија во чест на христијанскиот празник Ѓурѓовден. Претходно со возвишениот духовен чин, чиноначалствуваа високи свештени лица, а присуствуваа монаси и монахињи од Св. Јован Бигорски и Манастирот Св. Георгиј Победоносец од Рајчица. Моштите на Св. Георгиј Победоносец се донесени во Македонија во 2003 година од Светог…

Мај 6, 2010

Протест на жителите од Бороец и Јабланица

Протести во Бороец. Месните заедници од ова село но и од Јабланица реагираат поради неконстролираното и немилосрдно сечење на шумата на планината Jабланица. Се сечи и берe се што ќе се стигне, поради тоа бараме од одговорните да ни пуштат експерти и да ни кажат што уште се планира да се направи“, вели претседателот на месната заедница од Бороец, Ружди Исмаиловски.„ Имавме средба со директорот на Македонски шуми и тој ни кажа дека ќе го берат и реонот над селото. Ги браниме изворите од Еленов рид и Петров камен, од каде добиваме вода за пиење“, додава претседателт на МЗ.Исмаиловски додава де…

Мај 6, 2010

Едрилици со парче душа

„Кога градителот внесува дел од себе во објектот, тогаш објектот добива душа“, вели Влатко Кавај, кој речиси четириесет години гради едрилици. Кавај и уште неколку ентузијасти ги градат овие пловни објекти користејќи ги најновните технологии. Тајната на креативното творештво ја делат секојдневно меѓусебе.Креации кои во себе ја носат душата на своите градители. Од неодамна во Струга функционира клубот за самоградба „Сирма“. Станува збор за јахтинг клуб кој функционира паралелно со едриличарскиот клуб „Снегар“. Тука неколку ентузијасти градат едрилици. Влатко Кавај е еден од првите кои почнал…

Мај 5, 2010

Фалат корпи за смет

Нема доволно канти за губре во градов. Овој недостаток го забележаа граѓаните кои живеат на потегот од болницата па се до ул „Гоце Делчев“, или  позната како населба Бараки. Тие велат дека сметот мора да го носат со себе во рака или во ташна и веруваат дека надлежните ќе имаат слух за решавање на овој проблем. Граѓаните додаваат дека има и многу несовесни граѓани кои во вакви состојби кога нема каде, сметот го фрлаат на улица. Првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче признава дека сеуште има места во градов каде граѓаните со право реагираат. Тој додаде дека во тој дел доцнат зарад…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top