Сеп 30, 2010

Интригантни прашања без одговори

И после повеќе од година дена работа, Советот на општина Струга работи во тензична и конфузна атмосфера. Бројните советнички прашања, предлози, заклучоци, остануваат без одговор. На 18 тата седница беше најавено дека јавно ќе се говори за безбедносната состојба во Струга, но од тоа, само изјави, без конкретен епилог. Советникот од ЛДП Сретен Бандоски рече дека во Струга, јавна тајна е оти на секој чекор се издаваат дозволи за работа на објекти кои не се безбедни. Тој додаде, доколку се продолжи со вакво темпо, безбедносната состојба во градот ќе биде до тој степен нарушена што може да се оч…

Сеп 29, 2010

Охридски бебиња, ама „стружанчиња“

Одделението за гиникологија во Струга работи со двојно поголем капацитет од вообичаено. Бројот на  родилки кои се породуваат во Струга е дури за 100 % зголемен поради реконструкција на општата болница во Охрид. Двојно повеќе има и стручен кадар. Останува исти само просторниот капацитет за кој со сигурност не може да се каже дека е доволен за да ги задоволи потребите на родилките од Струга, Охрид и Дебар. За ова е свесен и првиот човек на струшката општа болница Ментор Ибраими, кој сепак е оптимист дека ќе издржат една година со вакво темпо на работа.На гиниколошкото одделение затекнавме раб…

Сеп 25, 2010

Аферата Изгрев добива нов тек

Браќата Миладинови ослободени од притвор. После 650 дена тие ќе се бранат од слобода. Како што веќе е познато на почетокот од годинава браќата Ѓорги и Димитар Миладинови беа осудени на 6 и пол годишна затворска казна за перење пари, измама со кредит и издавање исправа со лажна содржина. Ваквата одука беше донесена вчера на седницата на апелација кога вишиот обвинител се откажал од жалбите против нив и побарал од судот да ја укине одлуката. Бранителот на Миладинови Драган Гоџо задоволен од укинувањето на првостепената одлука.Гоџо дециден во својот став дека не стравуваат од ново судење, биде…

Сеп 25, 2010

Што ќе никне на плажата „Галеб“

Во Струга владее урбан хаос,децидни во ставот екологистите од Струга. Тие креваат раце од сите релевантни фактори во државава, кои според нив имаат законско право да им застанат на патот на уништувачите на зеленилото. Сметаат дека личните интереси на поедини луѓе кои очигледно добро профитираат во нашата земја се одлично заштитени, така што никој ништо не им може. Мате Гогоски познат екологист вели дека покатастрофална состојба од оваа досега немало и додаде дека веќе собираат потписи од граѓаните кои ќе бидат доставени до некоја сигурна европска порта.Првиот човек на општина Струга Рамиз М…

Сеп 24, 2010

Браќата Миладинови пуштени на слобода

Браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинови, кои претходно беа осудени на шест и пол години затвор за случајот „Изгрев“, пуштени се на слобода од притворот во Скопје.Апелациониот суд во Скопје вчера ги уважи жалбите на браќата Миладинови и ја поништи пресудата на скопска единица, со која тие беа осудени за перење пари, измама со кредит, давање исправа со лажни податоци.„Нашата работа беше чиста, парите одеа преку трансакциски сметки. Никогаш не сме учествувале во криминал со перење пари. За казните сметаме дека се драконски. Бараме ослободителни пресуди”, стоеше во жалбите до Апелациониот суд на бра…

Сеп 24, 2010

Јас работам со срце

Преземете ја контролата врз вашето здравје. Годинешната кампања со која ќе биде одбележан Светскиот ден на срцето ќе биде под слоганот „Јас работам со срце“. Слоганот произлегува од насоката на годинешната кампања, која е насочена кон промена на условите за работа и начинот на однесување на секој поединец на своето работно место, кој може да придонесе во намалувањето на кардиоваскуларните заболувања и мозочниот удар. Д-р Коњаноска Гордана, специјалист по медицинска рехабилитација од Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, истакна дека потребно е да заговараме работни места кои обез…

Сеп 23, 2010

Министерот Јакупи ќе се заложи за Радожда

Радождани по се изгледа ќе бидат приклучени на долго очекуваниот колекторски систем. Барем таков беше впечатокот од денешните изјави на првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко, и Министерот на ЖСПП Неџати Јакупи. Деновиве, како што е веќе познато, жителите на ова место го подигнаа својот глас кон надлежните. Тие јавно побараа нивниот децениски проблем да се реши и конечно да ги почуствуваат благодетите од приклучувањето кон колекторскиот систем, наместо да стравуваат од инфекции и зарази кои можат да ги добијат од загадената вода со фекалии. Јакупи рече дека проблемот со жителите на стр…

Сеп 23, 2010

Институцинална борба против организираниот криминал

Нема простор за организираниот криминал. Со овие зборови, Министерот за правда Михајло Маневски ја објасна потребата од регионалната соработка помеѓу институциите, како клучна активност  во борбата против организираниот криминал, поточно против злосторничкото здружување. Манвски додаде дека меѓународниот организиран криминал и корупцијата претставуваат една од најголемите закани кои се проширија во сите делови на светот во изминативе неколку децении. Поради ова, потребна е координирана реакција, во согласност со претходно дефинираната глобална стратегијаМинистерот Манески потенцира дека со …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top