Окт 13, 2021

Пронајден хероин кај лице од Велешта

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот Ф.Ш. од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На први мај 2021 година, на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, при преглед на патнички автомобил, во кој пријавениот се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа хероин – информираат од СВР Охрид.

Окт 23, 2010

Струга нема неонатолог

На одделението за гинекологија во Струга, добредојдени охридските неонатолози. Размената на практичните искуства во овој дел од медицината, вродија со конкретен плод. Новороденчињата досега ги прегледуваше педијатар кој работи во рамките на одделението за педијатрија при општа болница Струга. Со новите прилики поради реконструкцијата на охридската општа болница, познато е дека неколку одделенија од Охрид, комплетно се префрлени во Струга. Едно од нив е и гинеколошкото одделение. Заедно со охридските гинеколози, во Струга дојдоа и неонатолозите. Гинекологот Др. Станислав Буклиоски вели дека …

Окт 23, 2010

Некогашниот затворен базен, пропаѓа

Остатоците од некогашниот затворен базен во Струга, сеуште бодат очи. Познато е дека овој руиниран објект се наоѓа во непсредна близина на ОУ „Браќа Миладинови. Тој во моментов може да се спореди со замок од хорор филмовите, кој скоро целосно е обраснат со трева, од каде само малку надзираат зидините на објектот. Доколку не се превземе нешто, овој објект ќе наликува на џиновски жбун, кој во неговата внатрешност крие дувло на нарко зависници и разни отпадоци од контаминиран материјал. Свесен за проблемите поврзани околу некогашниот пливачки базен е и директорот на ОУ „Браќа Миладинови“, Агни…

Окт 22, 2010

Се спасува она што се може

Затворен дрвениот мост во Струга. Деновиве тој подлежи на санација и реконструкција. Овој зафат го изведува ХЕЦ Глабочица, Струга. Дрвениот мост во Струга, претставува времен регулаторен објект кој е изграден на истекот на реката Ц. Дрим и ваква функција има околу 50-тина години. Директорот на подружницата ХЕЦ. Глабочица, Тихомир Скепароски, рече дека конечно е дадено зелено светло од страна на Електрани Македонија да се санира и реконструира мостот кој подлежи на специфичен зафат. Постапката за избор на адекватен изведувач била отворена 3 месеци. После тоа е потпишан договор со локалната ф…

Окт 22, 2010

Охридско Eзеро на сателитот Титан!

Едно од езерата на сателитот Титан ќе биде именувано како Охридско Eзеро, соопшти денеска Планетарумот при Младинскиот културен центар, истакнувајќи дека информацијата е објавена од страна на Работната група за номенклатура на планетарниот систем Езерото има пречник од 17,3 километри и веќе се наоѓа на соодветните мапи на Титановата површина.Титан е најголемиот сателит на планетата Сатурн и е единствениот во Сончевиот планетарен систем кој има атмосфера. На неговата површина се откриени езера и мориња од течен метан и етан за кои во тек е процедурата за нивно именување.Планетарумот при Маке…

Окт 21, 2010

Безбедносна ограда

Се оградува дворното место на подрачното училиште „Браќа Миладинови“. Со ова донекаде е одговорено на барањата на советот на родители. Познато е дека пролетта, родителите на децата кои изведуваат настава во ова училиште, реагираа до Владата на Р Македонија и бараа да им се обезбеди на децата одржување на наставата по физичка култура во дворот на училиштето. Родителите на децата оправдано стравуваа за безбедноста на нивните деца бидејќи дворното место беше претворено во паркинг простор, за кој, приватно лице наплатуваше надомест. Директорот на ова училиште Агни Неџипи рече дека е одговорено …

Окт 19, 2010

Се фискализираат некои од дивите паркинзи во Струга

Иако за голем број од локациите кои може да се користат за паркирање, градскиот совет на Струга не даде зелено светло, издавањето на одредени паркинзи помина на една од седниците на Совет без разлика на спротивставените ставови на некои од советниците.  Но остана прашањето, кој стопанисува со објектите кои досега работеа и каде завршија  и не така малите средства кои се собираат од стопанисувањето со истите. Од Државниот пазарен инспекторат, Одделението за инспекциски надзор од Струга, велат дека после направените контороли, констатирано е дека одредени закупци веќе располагаат со договори …

Окт 19, 2010

СДСМ е на вистинскиот пат

Бранко оди си, Македонија не те заборава. Ова е пораката која вчераутро ги разбуди стружани. На ова веднаш реагира од ОО на СДСМ од Струга. Претседателот на партијата Александар Попоски овој чин најостро го осуди и го окарактеризира како тотална безидејност на ВМРО – ДПМНЕ и неможност партијата на власт да ги реши проблемите на граѓаните. Тој кажа и зошто е тоа така.„После нивните два неуспешни митинзи на кои и покрај притисоците и користењето на сите државни ресурси, имаа двојно помалку луѓе отколку на нарофниот собир во прилеп, Груевски и фамилијата се во паника, а ВМРО – ДПМНЕ во целосен…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top