Заканата од сида, се надвисна над македонските затвори. Тоа се должи на крајно лошите услови кои владеат во голем дел од затворите во Македонија, велат стручните лица. Ова е и забелешка на претставниците на Хелсиншкито комитет кои деновиве престојуваа во Охрид. Христо Ивановски од Хелсиншки комитет, повика државата сериозно да ги преземе сите потребни чекори и да не дозволи проширување на ова заболување. Пред се тука Ивановски потенцира оти мора под итно да се подобрат условите кои владеат во затворите.
„Самите директори на затворите, особено на Идризово ни кажаа дека имало неколку случаи н…
Израелски бизнисмени во посета на Македонија. Тие од петте дена колку што беа во земјава, два гостуваа во Охрид и Струга. На средбата, заменик раководителот на Секторот за урбанизам од Охрид, на потенцијалните инвеститори им ги посочил локациите на кои е зацртана маркица за изградба на хотели. Бизнисмените ги посетиле атрактивните локации кај Трудбеник и Гранит, кај поранешната детска болница каде се предвидени две локации за изградба на хотели но покрај овие земјишта кои што се државни, потенцијалните бизнисмени посетиле и неколку приватни привлечни локации, после хотелот Застава, кои се …
Во овој четиригодишен мандат се што ветивме исполнивме. Реализиравме околу 100- тина проекти, рече градоначалникот Мерко претставувајќи ја изборната програма пред стружани. Уредивме многу сообраќајници, изградивме пешачки патеки, го осветливме Црн Дрим, двата влезови во градот се уредени со нов лик како што доликува на една туристичка метропола, рече кандидатот за градоначалник на Струга Рамиз Мерко.
За следните четири години Мерко ветува бројни проекти за поквалитетен живот на стружани.
Имам чест и задоволство да ги откријам големите успеси што ги постигнавме досега. Има над 100 прое…
Државава се соочува со сериозни проблеми во затворските установи. Најголемиот проблем лежи во затворот Идризово каде постојат минимум човечки услови за третман на затворениците. И корупцијата во затворите е голем проблем, велат добрите познавачи на приликите во овие поправно казнени установи. Во Охрид се одржува конференција на тема „Мониторинг во затворените институции во Македонија“ која ја организира хелсиншкиот комитет заедно со бугарскиот хелсиншки комитет. Претставникот на Хелсиншкиот комитет Христо Ивановски рече дека денес е добра прилика невладиниот сектор заедно со надлежните вла…
Гнасен и нехуман чин на рибократците. Овој пат на мета е јагулата. Веќе три дена како таа во Струга се лови на несоодветен начин и тоа на неколку локации по течението на реката Дрим. Силниот јужен ветер кој три дена дува и предизвика силен бран во езерото, беше причината дел од оваа риба да тргне во потрага по храна, а дел на своето свадбено патување во Сарагасово море. Претседателот на СРК „Св Апостол Петар“ Радован Димитриевски, вели дека станува збор за гнасен и нехуман чин, кој се повторува секоја година и кој мора да се спречи.
„Голем дел од јагулата влезе во Црниот дрим и тука риболо…
По повод одбележувањето на денот на ослободувањето на Струга, во организација на клубот на жени на СДСМ од овој град, утре ќе се одржи саемот за храна. Струшките социјал демократки ќе имаат можност да ги покажат своите кулинарски вештини во подготвување на разни видови храна, како би помогнале на лицата кои имаат потреба од хуманост. Координаторот на жените, Николина Велкоска очекува голем одзив.
Велкоска најави уште три акции од хуманитарен карактер за месец декември, како во целост би се исполнила нивната годинешна програма. Таа вели, дека еднократната помош е недоволна, за луѓето кои им…
Хуманитарната организација „Помош на Македонија“, од Холандија денес отпочна обиколка на охридското крајбрежје, пешки. Тие тргнаа од Радожда утрово во 8 часот. Кон холанѓаните се приклучија и добар дел од радождани не само со придружба до Струга, туку и хуманитарно, со парични средства. Со нив на првата цел до Струга, пешачеше и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и холандската амбасадорка Симеоне Филипини. Мерко рече дека го поздравува проектот на македонските и холандските граѓани и со задоволство се приклучил и тој. Додава, дека моментално е во добра кондиција и овој пат го изодил за два…
Оправдан отимизмот на жителите на струшкото село Мислешево. После пет години чекање конечно пуштен во употреба локалниот пат, од центарот на селото, па се до магистралниот пат М-4. Радоста кај жителите од селото огромна.
Жителите од ова село, години наназат се справуваа со бројни проблеми кои се однесуваат на сообраќајната инфраструктура. Улиците со години беа во катастрофална состојба, а селаните приморани секојдневно да трпат оштетувања на нивните автомобили. Претседателот на месната зедница од ова село, Бране Дамјаноски вели дека иако беа потребни речиси 5 години, конечно дојде денот к…