Пумпната станица „Струга 3“, деновиве претрпе голема хаварија. Два дена оваа пумпа беше вон функција поради оштетување на електроопремата и апаратурата на овој објект заради висок напон. Имено, се работи за објектот во општина Струга кој работи во рамките на МЈП „Проаква“, Р.Е. Колектор. Директорот на овој дел, Ваит Ајро, вината ја лоцира кај ЕВН Скопје. Тој рече дека поради нефункционирање на овој објект постои сериозна закана од еколошка катастрофа на езерото, поради дирекно влевање на големи количини фекалии во него. Ајро додаде дека во денешно време недозволиво е да ни се случуваат вакв…
Паднаа во вода изјавите на Вицегувернерот на НБ на Р. Македонија Димитар Богов. Имено, пред нецели шест месеци Богов во Охрид, на Меѓународната конференција на ЕФСЕ, изјави дека македонската економија е силна и стабилна и не и треба аранжман на Меѓународниот Монетарен Фонд.Владата сепак одлучи да склучи договор со ММФ и да земе пари за недај боже. Првите пари од ММФ земјата ќе може да ги повлече од средината на јануари следната година. Кредитната линија за претпазливост според изјавите на претставниците на ММФ е достапна само за земјите-членки на ММФ кои имаат здрави економски основи и поли…
Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Х.Е. (45) и А.И. (45), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „фалсификување пари“.На 2 септември годинава пријавените во Струга во продавница за текстилни производи пуштиле во оптек фалсификувана банкнота од 50 евра.Од полицијата информираа дека се испитува дали овие две лица пуштале и други фалсификувани банкноти во оптек.{loadposition content9}
Петте електрани мали, но доволни да ги задоволат потребите за струја на еден град. „Белица 1“ е петтата електрана која денес и официјално беше пуштена во употреба, во присуство на претставници на Јавното приватно партнерство на МЈП „Проаква“ и „Фероинвест“. „Многу години се зборува за мали електрани, тие само го носат името, но во суштина тие воопшто не се мали ниту од аспект на производство на електрична енергија, ниту од аспект на инвестиција, изјави Проф. Кочо Алушев. Тој додава дека ова е прва реализација на проект во државава, кој е во рамките на стратегијата за развој на обновливите и…
Туристичката сезона во Вевчани беше подобра од лани, оценуваат угостителите. Имаше голем број домашни туристи и гости од соседните земји и дијаспората. Но проблемот е што сезоната траеше многу кратко, велат угостителите, пикот беше од 15 јули до 15 август. Период од еден месец е премалку за угостителите да имаат позитивно салдо на крајот на годината.
Секоја помош е добредојдена не е спорно, но ние сакаме да работиме и така да го заработиме тоа парче леб. Најдобро би било да помине оваа пандемија и да се вратиме во нормала како пред две години – вели Тони Костојчиноски угостител од Вевчан…
„Св. Богородица Пречиста“, одбележана во Струга. Во непосредна близина на „Женска плажа“ каде што неодамна при ископ за билборд назреа темелите на некогашната Црква Св. Богородица Пречиста, се одржа света литургија. И годинава традиционално, на посната трпеза по повод празникот се најде проскура, пченица и вино. Претседателот на „Наша Струга“, Др. Јосиф Беле, истакна дека одбележувањето на овој верски празник од година во година е се помасовен и оти стружани се покажаа како големи верници.
Претседателот на „Наша Струга“ верува дека до година на ова место стружани ќе имаат уште поголем моти…
Во Струга одбележан меѓународниот ден на лицата со попреченост. Стручниот тим заедно со децата членови на организацијата „Порака нова“,по тој повод денес, го одржаа финалниот фестивал. Тие, преку игра, песна, слика и театарска уметност, докажаа дека кога се сака се се може. Претседателот на организацијата „Порака Нова“, Соња Маџоска кажа збор два околу подготовките за завршниот настап на лицата со попреченост.
Маџоска ја потенцира и големата важност на денешното одбележување на меѓународниот ден на лицата со попреченост, од аспект на децата. Според неа премалку е во еден ден, да се покаже ц…
Голем гаф на јавната администрација вработена во Министерството за животна средина и просторно планирање. Вчера до нашата редакција пристигна факс од ова министерство во врска со денешата посета на Министерот Јакупи и францускиот амбасадор во земјава, во врска проектот „Учиме за ЕУ“. Во факсот беше најавена посетата на амбасадрот Бернард Валеро, кој одамна не ја извршува оваа функција.
Случајно, (не дај боже) намерно, поради копи пејст грешка, или дефицит на информираност на вработените во ова министерство, најавениот Валеро, не се појави во Струга.
Сепак за нас не беше големо изненадување…