После првата успешно изведена јавна дебата „Причина за одлив на младите мозоци“, следи нова, „Сподели мисла“. Центарот, Младинска Независност од Струга, не застанува со своите активности. Застапеноста на младите од Струга во јавниот живот, од аспект на се што ги опкружува е главниот мотив, координаторот на овој центар, Бранкица Затаракоска, да организира разни дебати, каде главен акцент се става на младите и нивните права во време на демократија. Како да се истакне една индивидуа е прашање по кое се кревале револуции, изјави Симона Спироска, координаторот на Арт клубот. Таа смета дека сите…
Сојузот на Балканските Египќани го одржа својот втор Конгрес. Египќаните сеуште се борат со предрасудите и стереотипите кои постојат кон оваа етничка заедница истакна претседателот на Сојузот Проф. Д-р Рубин Земон. Тој во своето обраќање рече Балканските Египќани на сите нивоа од најобичните општествени настани во секојдневниот живот, па се до највисоките меѓународни, владини и културни случувања се борат со прилепената ознака на аутсајдери или како Роми. Претставниците од здруженијата на египќаните ги искажаа своите проблеми и очекувања од нивното формирање пред 12 години до денес. Ретрос…
Нов снег во Струга, голема неволја. Катастрофално лоша слика низ струшките улици. На тротоарите, низ снегот, направени се тесни патеки, кои не се доволни за да можат луѓето да се разминат. Не ретко пешаците наместо да одат по нив како побезбедни, приморани се да се движат по улиците на сред сообраќај. Надлежните, јаки само на збор.ТВМ вчера во информативниот блок го пренесе ставот на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој изјави дека сите надлежни служби за одржување на патиштата во зима се на терен, но очигледно, реакцијата на граѓаните е оправдана. Дел од стружани сметаат дека не ги …
За успешните надалеку се слуша. Овој епитет го понесе ОУ „Јосип Броз Тито“ од Струга, бидејќи после неколку години работа ова училиште зеде учество во проект на Академијата на централни европски училишта. Таа секоја година објавува различи теми за обработка, годинава тема е ненасилството и реализација на активности во таа насока. Маргарита Ничевска, наставник по информатика од ова училиште, вели дека преку оваа тема ќе се иницира решавање на проблемите во училиштата, во околината, во семејствата и насекаде каде се случуваат конфликти. Таа посочи дел од нивните активности.Ничевска потенцира …
Елементарните непогоди несериозно сватени од градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Вакви обвинувања упатија денес од ДПА, по повод пожарот кој пред два дена се случи во струшкото село Калишта, во кој изгореа три куќи. Несериозноста на пристапот на службите кои се под капа на Локалната самоуправа уште еднаш се покажаа како недоветни вели Љуљзиме Зулали советник на ДПА. Таа додава дека ова е уште еден доказ со кој се потврдуваат тврдењата на ДПА во Струга, за хаосот кој го ствараат ДУИ и градоначалникот.„Вчера од граѓаните на Калишта слушнавме дека на противпожарната единица и требало повеќ…
Огромен одрон падна пред влезот на туристичката населба Елен Камен во струшко. Големите карпи го затрупаа патот кон селото Радожда, за среќа нема повредени, оштетена е банкината на делницата. Надлежните од Македонија пат набрзо го расчистија патот, но карпите ги фрлија покрај брегот на населбата и ги оштетија водоводните цефки.
Најголемиот проблем е што дел од распуканата карпа сеуште надвиснува на влезот од Елен Камен и се заканува нов голем одрон, кој може тешко да ги повреди минувачи.
Во август ги известивме локалните и државните власти писмено да се санира карпата Радожда – Елен Кам…
По втор пат, во основниот суд во Струга се одложи главниот претрес за една од поголемите трагедии што се случи на 11 ти септември годинава, во која од струен удар загинаа тројца видни луѓе од овој град. И денес на обвинителната клупа седнаа тројцата обвинети Вранишкоски Цвете, Миладиноски Климе и Јанески Гоце. Главниот претрес за овој случај го води судијата Живко Аврамоски. Во салата за судење повторно не се појави бранителот на првообвинетиот Вранишкоски, Ставре Џикоски поради негов ангажман во Скопје. Но причината заради која овој пат судијата Аврамоски го одложи главниот претрес е изјав…
Изгореа три куќи во Калишта, струшко. Пожарот се случил синоќа околу 11 часот. За влакно куртулиле 10 те члена од домаќинствата на сега изгорените куќи од кои 2 деца. Пожарот го приметила братучетката на Ваљон Мимини, еден од сопствениците на изгорените куќи. Мимини со голема болка раскажува како се се случило за миг. Тој рече дека пламените јазици не само што ги оставиле без покрив на глава туку не им оставиле буквално ништо ниту облека ниту покуќнина.Мимини рече дека секој ден во селото имало проблем околу напојувањето со електрична енергија па не ја исклучува можноста и тоа да е причина …