Јан 22, 2011

Мрест на охридската пастрмка и на струшкиот дел

Започна  традиционалниот вешатачки мрест на охридската пастрмка и на струшкиот дел од езерото. Вчера во близина на рибарското село Радожда беа фрлени мрежи и се уловија 55 кг риба од кои се собрани 50.000 икра.  Во мрестилиштето во Шум се очекува годинава да бидат инкубирани од 500.000 до 1.000.000 зрна икра. Целокупниот мрест финансиски е поддржан од Министерствот за земјоделство, шумарство и водостопанство со 2,5 милиони денари. Мрестот се одвива под надзор на Државниот инспекторат за земјоделство.{loadposition content9}

Јан 21, 2011

Превентивни мерки за грип или за…???

 „Досега нема ниту еден пријавен случај на мали сипаници во регионов“, одговорно тврди првиот човек на Центарот за јавно здравје Др. Атанаско Михаилов. Тој вели дека инфектолозите се должни доколку има и најмали индиции за ова инфективно заболување да пријават во центарот. Одговорните на здравствените установи во охридско струшкиот регион уверуваат дека имаме стабилна состојба со лицата заболени од сезонскиот грип. Во Охрид секој ден се зголемува бројот на заболени од овој вид на грип, но тоа е во рамките на очекуваното, изјави, Михаилов. Сезонскиот грип има карактеристични симптоми. Покаче…

Јан 20, 2011

Ќе се менува Законот за игри на среќа

Сопствениците на казина, клубови со автомати и обложувалници добиваат нова давачка. Наместо досегашните 4 % од секоја уплата кои ги плаќаа на државата, сега ќе плаќаат паушал од 100 000 денари за секој уплатен објект. Ова е само преодно решение кое ќе важи во текот на оваа година. Вицепремиерот и Министер за финансии, Зоран Ставрески излезе со нов предлог Закон за игри на среќа. Овој закон ќе биде поднесен во Собранието на Р. Македонија и се очекува да биде донесен во наредните месеци. Истиот ќе стапи во сила на 1ви Јануари 2012 година. Новиот закон вклучува значајни измени во однос на стар…

Јан 19, 2011

Мирко Димоски го фати крстот во Струга

„Овој ден е отсекогаш посебен за мене“, изјави годинешниот фаќач на крстот во Струга, Мирко Димоски. На големиот христијански празник Водици, Димоски години наназад скока во водите на реката Црн Дрим, но годинава за прв пат излегува со полни раце, светиот крст. „Поминав низ голема толпа верници и не можам да ги пронајдам вистинските зборови со кои можам да ги пренесам моите чуства“, рече Димоски. Годинешен кум на манифестацијата Водици, е Петко Кутаноски, овојпат во име на Т. А. Балкан Нет. Тој рече дека биле преземени сите потребни мерки на безбедност за овој ден. Додаде дека овој пат и ни…

Јан 19, 2011

Запленет боливиски кокаин вреден полoвина милион евра

Единицата за борба против недозволена трговија со дрога при Одделот за организиран криминал и Царинската служба на РМ во соработка со полициските служби на СР Германија, а во координација на СЕКИ центарот од Букурешт, вчера по спроведена заедничка операција на контролирана испорака на дрога на релација Санта Круз, Боливија, преку Франкфурт, Германија со крајна дестинација Охрид, Р. Македонија, пресече меѓународен канал на транспорт на кокаин при што се запленети 1,465 килограми. висококвалитетен кокаин, чија малопродажна вредност на пазарот на наркотици би можела да достигне и до половина м…

Окт 20, 2021

Исчезна жена во Струга

На 19.10.2021 во 08.55 часот во полициската станица Струга, А.Н.(28) од Струга пријави дека од домот се оддалечила неговата невенчана сопруга М.К.Б. од Дебар. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање – информираат од СВР Охрид.

Јан 18, 2011

Одржано државно првенство на угостителско-туристичките училишта

За прв пат во Охрид, организиран државен натпревар на угостителско – туристичките училишта. Идејата и организацијата на овој настан е наша, вели директорот на овој училишен центар Секула Баткоски. Претставници од седум градови од Република Македонија зедоа учество. Покрај од нашиот град, своите кулинарски вештини ги претставија и учениците од Скопје, Тетово, Крушево, Гевгелија, Штип и Македонски Брод.  Се натпреваруваа готвачи, келнери, бармени и фламбери. Интересно е тоа што натпреварувачите имаа подготвено и своја презентација за градот од кој доаѓаат. Директорот Баткоски е презадоволе…

Јан 17, 2011

Семејството Колоски се надева на второ чудо

Чуда навистина се случуваат. Малечкиот Јован Колоски, кој помина 15 месеци во кома, а за кој Твм веќе пишуваше, пред извесно време се разбуди. Семејството Колоски со неопишлива радост се понадева дека дојде крајот на нивните кошмари. Но за жал тие, заедно со малечкиот Јован повторно наидоа на препрека во неговото опоравување. Неговата мајка Мирјана со солзи во очите кажува, дека постои голема можност нејзиниот единец да се опорави, но за тоа се потребни многу пари кои тие за жал ги немаат. Мирјана ни ја раскажа нивната голгота на која сретнале многу хумани, но и нехумани луѓе. Таа до ден де…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top