Фев 9, 2011

Струга во мрак

Внимавајте темница! Вака во последно време предупредуваат стружани незадоволни од уличното осветлувањ во градот. Се поголем e бројот на јавувања на мештаните на оваа општина до нашата редакција во врска со ова прашање. Градоначалникот Рамиз Мерко убедува дека тоа не е точно. „Не е вистина дека нема улично осветливање во Струга. Ние имаме специјални служби кои исклучиво се занимаваат со овој дел“, вели Мерко. Очигледно тој треба и во ноќните часови да прошета низ струшките улици, лично да се увери каква е реалната состојба на терен. Како дел од осветлувањето во градот се и сигнализационите у…

Фев 8, 2011

Реконструкција на настанот „Пливалиште“, Струга

Очи в очи сведокот Емил Попоски, еден од сопствениците на Кафе барот „Пливалиште“ Струга, со еден од обвинетите Гоце Јанески. Денеска на продолжението од претресот за немилиот настан кој се случи на 11 септември минатата година во кој од струен удар загинаа тројца стружани, беше сослушан сведокот Емил Попоски. Во неговите искази на сведочењето, се посомнева бранителот на обвинетиот Јанески, Димитрија Цобоски поради што побара соочување. Адвокатот на Вранишкоски Цвете, Воислав Димоски рече дека добро е што наишле на разбирање од страна на судскиот совет и нивните забелешки за вештачењето за …

Фев 8, 2011

Безбедност и здравје на вработените, обврска на работодавците

СТОЛАР СИ ГИ ИСЕКОЛ ПРСТИТЕ , ЗАГИНА ТРАКТОРИСТ , РАБОТНИК ПОВРЕДЕН ПРИ ОДРОН НА ЗЕМЈА , ПОВРЕДЕН ПОЖАРНИКАР, РАБОТНИК ПОВРЕДЕН ВО ТЕКСТИЛНА ФАБРИКА се само некои од насловите кои секојдневно ги пренесуваат медиумите, а ја пресликуваат поразувачката слика која се однесува на безбедноста на работа. Безбедноста и здравјето на вработените претставува не само законска обврска, туку и суштинска потреба за подобрување на продуктивноста и економскиот прогрес на секоја фирма.Од Македонското здружение за заштита при работа, потенцираат дека мора да се воспостави комуникација помеѓу сите системи кои …

Фев 7, 2011

Продолжуваат кражбите на иконите во струшко

Ако во изминатиот период мета на крадците беа иконите од црквите во руралните средини, пред два дена крадците направија крајно изненадувачки потег и ги осквернавија храмот Св. Ѓоргија и Музејот  Др. Никола Незлобински, кои се наоѓаат во самото срце на Струга. Директорот на Музејот, Сашо Цветкоски вели дека ситуацијата е сериозна. Тој потенцира дека како установа, од нивна страна се направени сите обиди во сферата на заштита на овие сахрални предмети, но дека вистинската надлежност за нивната заштита е во рацете на Заводите за заштита на споменици на културата. Потребна е итна и координирана…

Фев 7, 2011

Човековата алчност не знае за граници

Втор вандалски чин во рекреативниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Нова“. Во првиот случај мета на крадците беа инвалидските колички, за да овој пат, од просториите на ова здружение, крадците однесат техничка роба во вредност од околу осумдесет илјади денари. Од центарот згрозени.„Срамота е и не знам како луѓето се осудија да крадт од центар за лица со интелектуална попреченост. Првиот пат беа украдени колички и не знам кому би му затребале и не ни сакам на некој да му затребаат, револтирано вели Анита.Гагоска информира дека најверојатно крадците насилно влегле преку ед…

Окт 25, 2021

Тепачка меѓу две групи утрово во Струга

На 25.10.2021 година околу 08 часот во близина на продажен објект лоциран на регионалниот пат Струга-Дебар нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(63) и В.Ш.(31), двајцата од струшкото село Велешта, од една и Б.Ѓ.(32), Д.Ѓ.(39), К.Ј.(40), сите од Вевчани, од друга страна. Тие се приведени и по целосно расчистување на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Фев 4, 2011

Упад во црквата Св. Ѓоргија

Во срцето на Струга насилен упад во црквата Св. Ѓоргија. Нешто подоцна во временски интервал од дваесетина минути на идентичен начин, упад и во Н.У. Др. Никола Незлобински од Струга. Верските објекти, најлесна мета за криминалците. Веќе подолго време во континуитет преку ноќ исчезнува вредното културно наследство од струшкиот регион. Утрово во срцето на Струга, имаше упад во црквата Св. Горѓија од засега непознати сторители. Нешто подоцна по дваесетина минути, мета на непознати сторители бил и музејскиот објект на Др. Никола Незлобински. Директорот на оваа установа Др. Сашо Цветкоски, изнен…

Фев 2, 2011

Со јога против срцевите заболувања

Црвениот крст од Охрид во соработка со јога секцијата денес организира трибина на тема „јогата како превентива за срцевите заболувања“. Кардиоваскуларните болести за жал стануваат се почеста појава како последица на секојдневниот стрес, неактивниот спортски живот, нездравиот начин на исхрана и слично, вели Ванчо Тасески, професор по јога. Тој потенцира дека јогата е физичка активност која е погодна за сите возрасти. Преку неа телото без поголем физички напор се ослободува од сите состојки, кои се предизвикувачи на болестите. Целта со денешното предавање, кое почнува во 18:30, а завршува во …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top