Училиштето во Подгорци од септември ќе добие паралелки на албански јазикЛично министерот Никола Тодоров на родителите им ветил дека од септемри децата ќе можат да следат настава и на албански јазик. „Министерот вети дека се ќе се среди на почетокот на следната учебна година, поточно прифати да се легализираат постоечките албански паралелки“, истакна претставникот на родителите Фадил Реџоски.На средбата покрај министрот со засегнатите родители се сретнале и заменик министрот за образование Линдита Ќазими, пратеникот од Струга Таир Хани и заменик министерот за финансии Недим Рамези. Задоволни…
Ачик планина од ѓубре. Во непосредна близина на старата автобуска станица наѕира депонија од комунален смет. Стари и искршени коли, пластични шишиња, алишта и секаков вид на комунален отпад се забележува на оваа црна точка. Жителите на овој дел од градот во неколку наврати имаат реагирано до нашата ТВ куќа за негрижата на локалното ЈП „Комунално“, од Струга, да ја извршува својата обврска, и да ја исчисти оваа дива депонија. Впрочем, зошто плаќаме сметки за подигање на комунален смет, кога сме оставени на добрата волја на ова претпријатие, реагираат граѓаните. Тие не сакаа да коментираат п…
На Вевчанскиот градоначалник, Перо Илиески, му тргна од рака. Деновиве тој остварил средба со Министерството за Транспорт и врски која на Вевчани му донесе инвестиција од 100 000 евра. Овие средства министерството ги дава за доизградба на недовршените краци од вевченската канализација. Но не е само тоа, Илиески се пофали со инвестирање и во вевчанското комунално претпријатие.Илиески истакна дека му оди соработката скоро со сите министерства од Централната власт. На нашето прашање дали неприсуството на Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на вевчанскиот карневал значи игнорира…
Зли јазици. Така градоначалникот на Вевчани, Перо Илиевски, ги нарече најновите гласини во врска преговорите на централно ниво, за негово преминување во ВМРО НП. Илиевски во изјава за ТВМ кажа дека интересно било да се слушнат гласините од ваков карактер, кои според него биле далеку од вистината. Но Илиевски сепак знаел од каде дува ветерот.
„Ги демантирам сите гласини за мое преминување во ВМРО – НП. Шпекулациите не се од оваа партија туку доаѓаат од кујната на екс градоначалникот на Вевчани, бидејќи и објавата во пишаните медиуми е во негов стил“
Илиевски рече дека на локално ниво соработ…
Претставници на народниот правобранител во Вевчани. „Напредување на соработката на Централната власт и Локалната самоуправа со народниот правобранител“ е главната цел поради која на тркалезна маса седнаа претставниците на народниот правобранител како и претставници на надлежните институции од оваа општина. Градоначалникот Перо Илиески, како домаќин рече дека присуството на народниот правобранител во неговата општиина е мошне значајно.
Заменикот на народниот правобранител, Даут Селман, рече дека многу малку луѓето од руралните средини се зпознати со носечката улога која народниот правобранит…
На 24.10.2021 година околу 09 часот, во ОВР Струга пријавен е физички напад врз Е.Д.(26) од струшкото село Корошишта, извршен во нејзиниот дом од членови во семејството при семејна расправија.
Таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга – информираат од СВР Охрид.
Дали партискиот дрес на ВМРО Народна ќе го облече градоначалникот на Вевчани, Перо Илиески? Деновиве се повеќе се шират гласините дека актуелниот градоначалник од владеачката ВМРО – ДПМНЕ на „Држава Вевчани“ е во преговори за преминување во ВМРО – НП.Моменталната еуфорија и гласини за масовно прелевање на членство од владејачката ВМРО – ДПМНЕ, во Обединети за Македонија, деновиве се почуствуваа и слушнаа и во Струшкиот регион. Имено се повеќе во малата „Држава Вевчани“ се шушка дека голема група партиски војници на ВМРО – ДПМНЕ заедно со актуелниот градоначалник Перо Илиевски, се подготвува…
Си ставив трн во здрава нога. Осумдесет годишната Вента Љабоска од Мислешево, струшко се охрабри јавно пред камерата на ТВМ да ја раскаже својата трогателна животна сторија. После смртта на нејзиниот сопруг и двете деца старицата останала сама во својата скромна куќа. Самотијата и неможноста да се грижи за себе поради годините, ја натерало да склучи договор со семејството Спироски, за да ја догледа, а за возврат после нејзината смрт да им ја остави куќата. Но отогаш почнува нејзиниот кошмар. „Побарав само вода, касај леб и да ми го наместат креветот, а за возврат добив навреди, пцовки и нев…