И ова лето лубеници и дињи низ цела Струга

Диви продавачи на овошје има на сите страни. Надлежните со добра координација ќе го решаваат овој проблем.

 |  Билјана Колоска  | 
lubenica
лубеница

Диви продавачи на овошје има на сите страни. Надлежните со добра координација ќе го решаваат овој проблем.

lubenicaТоварни возила со лубеници и дињи на сите страни во Струга. Со овој проблем граѓаните вообичаено се соочуваат во текот на летната сезона. Наместо на кванташки пазар да бидат сместени сите продавачи на овошје, тие распространети се низ сите улици по градот.

Лубеници и дињи се продаваат на пазарот, но на самиот пат, а не во просторот наменет за тоа. Истиот е даден под закуп, информира директорот на Комуналното претпријатие, Петко Кутаноски. Вели едена од приоритетните работи е повторно Комунално да си го врати во своја сопственост и останатиот дел од кванташки пазар. Како претпријатие имаме доволно капацитет да ги извршуваме сите обврски кои се во наш домен, така и оваа, вели  Кутаноски. Убеден е дека за скоро време ќе се реши овој проблем, само со добра координација и со останатите институции.

Засилени контроли и ред со дивите продавачи на овошје најавија и комуналните инспектори. Во реализирање на акциите, велат неопходна им била подршка и од полициската станица во Струга.

“И полицијата има исти ингеренции како и ние, затоа можат да превземаат мерки, согласно Законот за Јавна чистота„-вели комуналниот инспектор Агни Даути.

Надлежните апелираат до дивите продавачи на овошје да бидат совесни и да се придржуваат на законските одредби. Нивното место се знае каде е. Прво да платат а потоа ќе продаваат на пазарот на големо, велат надлежните.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top