ОУ „Гоце Делчев“ од септември двојазично

Училиштето во Подгорци од септември ќе добие паралелки на албански јазик.

 |  Татјана Маленкова  | 
protest
протест

Училиштето во Подгорци од септември ќе добие паралелки на албански јазик

Лично министерот Никола Тодоров на родителите им ветил дека од септемри децата ќе можат да следат настава и на албански јазик. „Министерот вети дека се ќе се среди на почетокот на следната учебна година, поточно прифати да се легализираат постоечките албански паралелки“, истакна претставникот на родителите Фадил Реџоски.

На средбата покрај министрот со засегнатите родители се сретнале и заменик министрот за образование Линдита Ќазими, пратеникот од Струга Таир Хани и заменик министерот за финансии Недим Рамези.
Задоволни сме од средбата со министерот, но изненадени од прашањето кое ни беше поставено од лице блиско до него, вели Реџоски.

„Јас се  изненадив кога ме прашаа дали сме македонски муслимани или албанци. Како може да ме прашаат кога барањето го доставивме како етничка заедница албанци. Ние бараме образование на мајчин јазик, а не прашуваат за нашите права“, вели Фадил Реџоски.

Реџоски додава дека на средбата станало збор и за судската постапка која во моментов државниот инспекторат за образование ја води против родителите на учениците од ова училиште.

„Лично прашав и за прекршочните пријави. На суд до сега сме биле три пати. Тоа не е ништо ни рече министрот Тодоров“, додава Реџоски.

Следното судско рочиште во кое Државниот просветен иснпекторат ги тужи родителите затоа што ги пуштиле децата да учат во незаконски паралелки е закажано  за 29 март. „Баравме да се повлечи, но ќе видиме. Ние министерот ќе го држиме за збор. Очекуваме своето ветување да го исполни“, вели Реџоски.

Инаку на 11 февруари се одржа мирен протест на ученици од Подгорци. Нивните барања се легализација на наставата на Албански јазик, во ОУ Гоце Делчев. Тие протестираа пред Основниот суд во Струга, поради рочиштето на нивните родители, кои излегоа пред лицето на правдата поради пријава на државниот просветен инспекторат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top