Отворена спомен собата на др Незлобински

Промоција на спомен собата на Др Незлобински во Струга, по повод одбележувањето на 85 години од основањето на музејот. На отварањето беше присутна и Министерката за култура Елизбета Канческа Милеска, која заедно со директорот на Музејот Др Сашо Цветкоски зборуваа за значењето на оваа музејска поставка, како и за др Никола Незлобински и неговите почетоци на музејската дејност во Струга.

 |  Николоска Биљана  | 
nezlobinski
незлобински

nezlobinski„Даваме силна поддршка на културното наследство и уметничкото творештво кое што го поседува градот Струга“, истакна министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска на денешното свечено отворање на собата на Д-р Никола Незлобински.

„Посебно ми е драго што еве денеска во рамките на одбележување на 85 години од постоење на музејот Д- р Никола Незлобински, имаме можнст да ја отвориме музејската поставка, која што го отсликува богатото творешто на еден од основоположниците на музеологијата д-р Никола Незлобински“– додаде Милеска.

Директорот на Музејот „д-р Никола Незлобински“, Др Сашо Цветкоски, истакна дека спомен собата на Незлобински се подготвувала година и половина, паралелно со монографијата на Никола и Софија Незлобински. Посебно му претставувало чест што промоцијата на оваа спомен соба се случува на денот кога се одбележува 85 годишнина од основањето на музејот.

nezlobinski„Изминатите години работевме на автентичниот документарен материјал од легатот и оставштината на незлобински кои навистина е импознантен, но заради просторните ограничувања ние одбравме само она што е најрепрезентативно и најзначајно и го следиме низ 12 те паноа, освен овие оргинални предмети, значи го слединме неговиот живот од Русија, преку неговите години на емиграција, па се до доаѓање на Струга и сите предизвици со кои се справува Незлобински, но и оние резултати кои имаат вредност на едно високо цивилизациско ниво“– рече Цветкоски.

Спомен собата на Др Незлобински влегува во светската музејска мапа на Струга, информира Цветкоски. Тој додава дека веќе постои интерес од Русија од каде биле најавени неколку екскурзии и неколку професионалци историчари, односно биолози да дојдат и да ја проучуваат големата оставнина на Незлобински. Но сепак  стужани треба да се гордеат со оваа спомен соба бидејќи сега  на едно место е сместено се она што е значајно за Незлобински, категоричен Цветкоски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top