Транспарентноста е една од најважните принципи врз кои се базира работата на Општина Дебрца.
Транспарентноста е една од најважните принципи врз кои се базира работата на Општина Дебрца.
Низ двегодишниов период сведоци сме на огромен број реализирани проекти кои се од витално значење за Општина Дебрца. Таквиот принцип на работа Локалната самоуправа го продолжува и понатаму па својствено на тоа, во оваа прилика, како Градоначалник на Општина Дебрца би сакал да Ви ги најавам и следниве круцијални проекти кои ќе започнат со реализација:
Прв проект-Канализација во с. Велмеј.
Изградбата на системот за фекална канализација во село Велмеј ќе се состои од главен крак, колектор кој поминува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци. Должината на канализационата мрежа изнесува Л=9354 м .
Во овај проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од сите објекти и по гравитационен пат да ги транспортираат до главниот крак од каде отпадните води ќе се водат во пречистителна станица. Вкупната вредност на проектот изнесува 17.473.679,00 денари додека вкупниот број на жители кои ќе бидат опфатени според проектна документација изнесува 700 жители (според пописот во 2002 год 511 жители).
Втор значаен проект е Пречистителна станица во с. Грко Поле
бетонска платформа, а исто така предвидени се и три засебни единици. Пречистителната станица ќе биде изведена по фази и тоа две единици ќе бидат монтирани веднаш со реализација на проектот додека третата во текот на експлатациониот период и приклучокот на двете села Лешани и Велмеј.Вредноста на пречистителната станица изнесува 8.000.000,00 денари.
Како трет проект кој се започнува е Канализацијата во с. Лешани
Во овој проект, вкупната должина на канализациониот систем ќе изнесува 5343 м. По должината на трасата се предвидени вкупно 138 ревизиони и каскадни шахти. Вредноста на проектот изнесува 12.845.676,00 денари. Вкупниот број на жители на опфатеност според проектна документација изнесува 700 жители (според попис во 2002 год 484).
Сакам да напоменам дека сите овие проекти ќе бидат финансирани со средства од ИПА програмата на ЕУ и проектот од Светска Банка за подобрување на општинските услуги што се спроведува преку Министерството за финансии. Со што се докажува заложбата на општина Дебрца за искористување на ваквите донации.
Општина Дебрца и понатаму ќе продолжи со започнување и целосна реализација на проекти. Нашата цел е осовремување и модернизација на Општина Дебрца со што нашата работа во целост е насочена кон она што преставува интерес на жителите на Дебрца и развој на самата Општина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град