Томче Голабоски го фати чесниот крст во Струга

Томче Голабоски беше најсреќен меѓу стотината капачи кои се фрлија во студените води на реката Црн Дрим во Струга и го фати чесниот крст. Премиерот на Р. Македонија Зоран Заев кој оваа година присуствуваше на манифестацијата „Водици Струга 2018“ на Голабоски му посака да го следи среќа и добрина низ целата година, да донесе среќа и на Струга и на нашата Македонија.

 |  Николоска Биљана  | 

Томче Голабоски го фати чесниот крст во Струга. Традиционално, положувањето на светиот крст во водите на реката Црн Дрим во Струга претставува посебен чин кога се осветуваат водите, како и ден кога капачите скокаат во вода за здравје и успешна година. Годинава на овој настан присуствуваше премиерот на Р. Македонија Зоран Заев, како и градоначалникот Рамиз Мерко, кои на стружани им посакаа успешна година многу здравје, среќа и бериќет. Заев на граѓаните им посака добра иднина, здравје, добра волја и соочување со сите предизвици што претстојат на личен и заеднички план

Овој ден празникот Богојавление – Водици, не потсетува и на тоа дека се може повторно да се измие, исчисти, обвнови и повторно да се роди. Благородната порака на овој празник исполнува и со оптимизам дека надежта и жедтта за доброто, совршеното и убавото никогаш не згаснуваат

Двата кеја на реката Црн Дрим беа преполни од голем број православни верници. Тие после централната манифестација полнеа од осветената вода. Таа се носи дома, симболизира здравје и чува од искушенија. Атмосферата за овој голем празник ја почуствуваа и бројните гости кои специјално за овој ден доаѓаат во Струга од разни краишта на светот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top