Октишани одат понатаму

Жителите во Октиси од Македонска вероисповед, правда околу изградбата на црквата св. Атанасија, ќе ја барат кај повисоки инстанци.

 |  Татјана Маленкова  | 
temel
темел

Жителите во Октиси од Македонска вероисповед, правда околу изградбата на црквата св. Атанасија, ќе ја барат кај повисоки инстанци.

temeliНајавуваат обжалување на решението со кое беа стопирани градежните зафати на овој верски објект.

Тие денеска жалбата ја поднесоа до второстепена комија од каде се надеваат дека потрезвено ќе се разгледа документацијата и по истата праведно ќе се донесе пресуда. Додека е во тек жалбената постапка, на лице место, закани и препукувања, вели член од црковниот одбор. Ристе Станкоски во телефонскиот разговор  за ТВ М  открива дека она што беше започнато таму да се гради, некој го окорнал и уништил.

Станкоски вели дека од кога започна проблемите со изградбата на црквата, постојано до жителите со Македонска вероисповед и членовите на црковниот одбор од ова село има закани кои уредно се пријавуваат во МВР.

„Ние сме црковен одбор и немаме никава врска со партии. Но во овој случај моравме да побараме помош и од нив, вели Станкоски. За случувањата во Октиси запознаени се и пратениците од Вевчани и Враништа како и претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Инаку проблемите во Октиси започнаа пред десетина дена кога црковниот одбор од ова село реши да ја урне оштетената црква св. Атанасија, и на старите темели да ја возобнови.  За овој зафат одборот имаше уредна документација, но изградбата на верскиот објект беше стопирана од страна на градежниот инспекторат, а по налог на градоначалникот на Струга, под образложение дека локалната направила грешка при издавањето на дозволата за градба и дека во договор со жителите од Македонска веросповед градбата ќе биде прекината.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top