Октишани добија вода

Проектот за новото водоснабдување свечено го пуштија во употреба Цаноски и Фератоски.

 |  Билјана Колоска  | 
Fijat Canoski
Фијат Цаноски

Проектот за новото водоснабдување свечено го пуштија во употреба Цаноски и Фератоски.

Жителите на село Октиси конечно добија вода. По подолг период го решија проблемот со водоснабдувањето. Октишани од раните утрински часови, повеќе нема да чекаат ред на селската чешма. Дефинитивно и за секогаш добија квалитетна вода за пиење. ТВМ точно пред една година го актуелизира ова прашање, тогаш институциите молчеа, но граѓаните јавно проговорија за горливиот проблем.

pesteraСтартот на новото водоснабдување симболично се означи со пуштање на вода од чешмата на сред село. На свеченоста беше најавено присуството на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Водата затече само во присуство на пратеникот Фијат Цаноски и заменик министерот за локална самоуправа Фарук Фератоски. Јанакиески и Мерко не дојдоа во Октиси. Цаноски вели, го разбирам отсуството на Мерко, тој воопшто не е пожелен во ова село.

„Повеќе од очигледно е дека селата каде доминира муслиманското населени, посебно каде најмногу делува ПЕИ се дискриминирани“- вели Цаноски. Но додава оти верува во себе и во граѓаните,  и само на тој начин можат заеднички да се решат многу проблеми. Цени,  дека е доволно моќен без помош на градоначалникот да им излезе во пресрет на жителите на повеќето села каде доминираат македонските муслимани.

Со изградба на новиот  водоводот во Октиси, за жителите долгорочно се решава проблемот со водоснабдување. Сега непречено ќе се  снабдуваат со чиста и квалитетна вода за пиење, вели Цаноски. Изградбата на водоводниот систем во Октиси е финансирана со средства на Владата од околу 120 илјади евра, со помош на месното население, но не и со учество на о. Струга, тврди  Цаноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top