Управниот суд денска решава за судбината на заедничката советничка листа на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ Струга. Ова доаѓа откако синоќа ОИК во Струга ј аодбила задничката листа на советници по што двете партии поднесле жалба. Постапкта на ОИК да не прифати одлука на повисокото тело ДИК, претставува голем преседан велат од ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, Струга.
ОИК даде вето за заедничката советничка листа на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ за Струга. Ваквата одлука предизвика огромен револт и незадоволство во редовите на струшките социјалдемократи, кои се официјален подносител на зеадничката листа. Претседателот на ОО на СДСМ Ристе Чушкоски, тврди дека листата на кандидати за членови на Совет навреме била поднесена, но не била прифатена од ОИК со забелешка дека за 13 членови од таа листа веќе е поднесена кандидатура за Советот. Додава дека од нивна страна им било сугерирано дека има одлука од ДИК во однос на тие 13 членови односно дека тие се членовите на ВМРО – ДПМНЕ и со одлука на ДИК таа листа е предходно повлечена, а со самото тоа тие непречено можеле да влезат во новата заедничка листа што ја поднеле со ВМРО ДПМНЕ.
„Но укажувањата наши не вродија со плод, не беа прифатени, па по повторното поднесување на истите, односно укажувањата од наша страна од страна на ОИК со решение беше отфрлена поднесената листа за кандидати членови на Советото на општина Струга. Е сега најголем преседан тука беше што и покрај одлуката на ДИК, ОИК не ја испочитува одлуката на ДИК, односно ја стави на гласање и со надгласување беше отфрлена одлуката на ДИК што е невиден преседан“– нагласува Ќушкоски.
Претседателот на ОИК од Струга, Џингис Хани, во телефонски разговор, кратко изјави дека нема никакви законски прекршувања од нивна страна и посочи дека на решението што тие го донеле имало правна поука, каде се дава можност на жалба во рок од 6 часови од добивањето на решението. Тој не сакаше да коментира зошто не ја испочитувале одлуката на ДИК со која беше дозволено повлекување на советничката листа од ВМРО – ДПМНЕ. Од ДИК не беа достапни за коментар за случувањата во нивниот струшки огранок. Ниту претседателот, ниту портпаролот на ДИК, не одговараа на нашите телефонски повици. На потег е Управниот суд до кој струшките социјалдемократи поднесоа жалба, како што кажа Ќушкоски. Во текот на денот треба да се знае решението на судот по жалбата и судбината на заедничката советничка листа на ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ од Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град