• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Охриѓани и стружани едни од најажурните во подигнување на електронските здравствени картички

Охриѓани и стружани едни од најажурните во подигнување на електронските здравствени картички

Според бројките кои ги соопшти директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, Охрид и Струга се над просекот на подигнати картички на ниво на република.

 |  Мишел Наумоски  | 
FZOM
ФЗОМ

Охриѓани и стружани според бројот на подигнати електронски здравствени картички, над просекот на ниво на држава. Од вкупните 110.000 осигуреници во двата града, досега своите картички ги подигнале околу 60.000 граѓани, односно околу шеесет проценти од вкупниот број на осигуреници. Ова се бројките со кои денес излезе директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, при нејзината посета на подрачните служби. Еве каква е ситуацијата поодделно за двата града.

FZOM Ohrid„Подрачната служба Охрид има околу 54.000 активни осигуреници. Преку 30.000 картички се веќе поделени, имаме уште околу 6000 за поделување. Во очекување сме деновиве на преку 10.000 картички готови за делење. Структурата на картичките ќе биде претежно од фирмите. Апелирам до фирмите да дојдат да ги подигнат картичките. Со тоа би се поделиле преку 80 проценти од картичките. Остануваат уште неподнесени барања околу 4000 и тие се претежно од фирми.“-вели раководителот на подрачното одделение на ФЗОМ од Охрид, Славе Крстаноски.

За подрачната во Струга, проговори, раководителот на подрачното одделение, Коста Фармакоски.

FZOM Struga„За подрачна служба Струга имаме 49.000 активни осигуреници од кои што 32.000 се предадени, дистрибуирани електронски здравствени картички. Непредадени во моментот имаме 5.200, во кои најмалку, 800, се од фирмир, додека останатите се од неосигурените лица и пензионери и апелирам да си ги подигнат бидејќи ние веќе преземаме и мерки, додека не ги подигнат, нема да им дадеме сини картони.“-рече Фармакоски.

Директорката на Фондот, Маја Парнаџиева-Змејкова, вели дека за жал сеуште има граѓани кои не ни поднеле барања за издавање на електронски здравствени картички.

Maja Parnadzieva Zmejkova„Би сакала да потсетам дека електронската здравствена картичка е придобивка за секој граѓанин бидејќи во иднина нема да има потреба, во моментот кога ќе ја добијат истата, нема да имаат потреба да доаѓаат во подрачната служба да добиваат сини картони, и ќе можат да си ги посетуваат здравствените установи само со електронските здравствени картички и со здравствена книшка во моментот, а наскоро фондот планира да преземе уште еден чекор, за да може и здравствената книшка да се повлече. Ние би сакале да апелираме, сите, во следните месец до месец и пол, веќе ги поднесат барањата за да можеме од следната година, дали од Јануари, или од Март да прогласиме дека понатаму здравственото осигурување да може да се оствари само со електронска здравствена картичка.“-изјави Маја Парнаџиева-Змејкова-Директор на ФЗОМ.

Инаку во споредба со преходната проверка на ажурноста на охриѓани и стружани околу електронските здравствени картички, за само два месеци биле подигнати повеќе од половина од тогаш испечатените здравствени картички. На ниво на републиката, досега околу 55 % од граѓаните ја завршиле својата обврска на подигнување на картичките.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top