Охриѓани и стружани со поддршка за “Манифестот на Македониумот”

Оваа иницијатива е дело на група македонски спортисти и уметници, а како реакција поради изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
potpisi
potpisi

potpisiОваа иницијатива е дело на група македонски спортисти и уметници, а како реакција поради изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.
Масовната подршка на „Манифестот на Македониумот“.  Во него стои дека Македонците се шокирани од актот на бришење на придавката „македонски“ и оти Македонците се рамо до рамо, ако не во економијата, тогаш во уметноста, науката и спортот со европските народи. И граѓаните на Охрид и Струга со подршка на оваа граѓанската иницијатива.
„Праќаме апел до сите граѓани без разлика на врска национална или било каква определба, што помасовно да се вклучат кон оваа иницијатива да го дадат својот потпис за истата намена“, вели Јолески.
Пунктот на кој стружани можат да ја дадат својата подршка беше отворен вчера попладне пред влезот на Центарот за култура, а досега својата согласност ја дадоа околу стотина граѓани, вели Јолески. Драгица Павлеска –Попоска од НВо Езерка, како претставник на граѓанскиот сектор, со свој став кон иницијативата.
„Со апел до целото население на општина Струга и Македонија да се потпишат, а со тоа да им покажеме на европратениците и Европа, дека Македонија постоела и ќе постои. Македонија има идентитет, свое историско наследство и ова е една голема срамота што го прават луѓето за кои мислиме дека доаѓаат од земји на демократија“, потенцира Попоска.
potpisiОваа иницијатива е дело на група македонски спортисти и уметници, а како реакција поради изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија. И охриѓани против негирањето на името, идентитетот и македонскиот јазик.
Велат, „Подршка изразувам целосна и апелирам до секој совесен граѓанин на РМ, да каже СТОП за негирањето на македонскиот јазик. Се може непријателот да брише, но јазикот никогаш, затоа што тој е вграден во душата на секој граѓанин.“
Во Охрид, пунктот е отворен во во Центарот за култура “Григор Прличев”, а истиот ќе биде отворен до петок, секој ден во периодот од 10 до 15 часот.

Процесот на собирање потписи за подршка низ Македонија ќе трае до петок 18 ноември. Тогаш ќе бидат презентирани наредните чекори кои ќе бидат преземени, а во насока на запознавање на европските институции со ставот на граѓаните на Република Македонија. Откако ќе се соберат одреден број потписи, Манифестот ќе биде доставен до Делегацијата на Европската унија во Скопје и лично до еврокомесарот Штефан Филе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top