Едно од езерата на сателитот Титан ќе биде именувано како Охридско Eзеро, соопшти денеска Планетарумот при Младинскиот културен центар, истакнувајќи дека информацијата е објавена од страна на Работната група за номенклатура на планетарниот систем
Езерото има пречник од 17,3 километри и веќе се наоѓа на соодветните мапи на Титановата површина.
Титан е најголемиот сателит на планетата Сатурн и е единствениот во Сончевиот планетарен систем кој има атмосфера. На неговата површина се откриени езера и мориња од течен метан и етан за кои во тек е процедурата за нивно именување.
Планетарумот при Македонскиот културен центар во јуни годинава до Работната група за номенклатура на планетарниот систем предложи неколку имиња кои се поврзани со културата, традицијата и природните богатства во Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град