Во езерото имa јагула, но немаме увид кој и колку лови, велат од Институтот за Сточарство.
Во езерото иам јагула но немаме увид кој и колку лови, велат од Институтот за Сточарство.
Состојбата со фондот на јагулата во Охридското езеро не е загрижувачка. Годиниве наназад пракса било на струшкиот „Даљан“ да се ловат од 8 па до 16 тони јагула, количина регистрирана на вага, кажува Димче Тале, од Институтот за сточарство.
„Последниве години, оваа количина е намалена. Можам слободно да си земам за право да кажам, откако е забранет ловот на сите видови риба во езерото, немаме увид кој и колку лови“- додава Тале.
Природниот пат на мрестот на јагулата е прекинат од 1970-тата година. Од тогаш наваму, Охридското езеро вештачки се порибува со овој вид риба. Обврската за тоа, години наназад ја има превземено ЕЛЕМ, па затоа достојно си ја извршуваме, велат од таму. Годинава, Охридското езеро ќе се пориби со 25 илјади млади единки на јагула, обезбедени преку тендер од затворено мрестилиште во Грција.
„Денес е испорачан вротиот контингент на подмладок. После карантин од 30 дена во мрестилиштето во Шум, истите ќе бидат пуштени во Охридскот езеро“-вели Душко Арбелски од ЕЛЕМ.
Порибувањето на езерото со јагула ќе започе од Охрид, за потоа да се пориби делот кај селата Радожда и Калишта, и на крај подмладок ќе биде пуштен и во езерските води во струшкиот дел.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град