Огранокот на ДПА од Струга бара објаснување

Се прелеа чашата поради различните политички ставови на Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и огранокот на Демократската партија на Албанците.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого

Се прелеа чашата како резултат на различните политички ставови на Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и огранокот на Демократската партија на Албанците.

Од оваа партија сметаат дека договорот помеѓу ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ од Струга, е склучен под притисок. Бараат Мерко да даде отчет пред граѓаните. Мерко пак вели: „ – Кој губи има право да се лути.“

rakvodostvo DPAОд ДПА, побараа од градоначалникот, одговорно пред народот кој му ја довери градоначалничката фотеља, да објасни под каков притисок коалицира со ВМРО-ДПМНЕ и која е целта.

Председателот на ДПА од Струга Зијадин Села, посебен акцент стави на поставувањето први луѓе на одговорни места кои се од посебно значење за развој на градот.

ТВМ го побара ставот и на градоначалникот Рамиз Мерко по повод низата обвинувања искажани на денешниот прес на огранокот на ДПА Струга. Струшкиот градоначалник истакна дека нема намера да коментира ставови од ДПА.

ДПА  очекува соочување со градоначалникот Мерко  и објаснивања на сите обвинувања упатени до негова адреса.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top