Предизборни обвинувања за Мерко – отпуштал вработени, за потоа да вработува други на нивното место.
Градоначалникот Рамиз Мерко во предизборната трка дава отказни решениа на работници кои не се од неговата парија и вработува нови на нивните места. Во поселедниов период само во општината се дадени 8 решенија. Овие се најновите обвинувања на струшкиот огранок на ДПА, упатени до актуелниот градоначалник. Според нив, освен што Рамиз Мерко нелегално вработува, тој се обидува и преку јавно инвестирање во инфраструктурата да добие што повеќе политички поени. Од ДПА тврдат дека деновиве се инвестира во повеќе струшки села, и тоа со изградба на патишта, резервоари за вода како и спортски терени. Од партијата велат дека тоа се правело во селата Делогожда, Корошишта, Долно Татеши, Велешта, Заграчани како и Калишта.
„Ние не сме против инвестиции и вработувања кои се вршат согласно законските одредби. Очигледно е дека ваквото однесување неколку дена пред изборите ни дава до знаење дека се обидува да го заслепи народот само да добие гласови„ -вели Лулзиме Зулали од ДПА.
На денешната прес-конференција, од партијата приложија и документ, за кој што тврдат дека е барање од страна на градоначалникот Мерко упатено до Владата на Р.Македонија, а се однесува за основање ново приватно средно училиште „European School“. Од ДПА тврдат дека училиштете е во сопственост на актуелниот градоначалник Мерко, а барањето за одобрение за основање на истото е поднесено во ист временски период кога се случија инцидентите во „Нико Нестор“.
Менди Чура, кандидатот за градоначалник од ДПА, рече дека не случајно, ситуацијата во училиштето освен политички, ја поврзува и со економски интереси. Како што вели, економски поради тоа што во текот на актуелните случувања во „Нико Нестор“ наместо да се бара решение, се бара одобрение за изградба на ново приватно училиште.
ОД ДПА веруваат оти за скоро време ќе се надминат и проблемите во средното училиште, посебно сега кога ОБСЕ се јави како посредник во надминување на тензиите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град