Судскиот процес за струшката депонија денеска, наместо во судница продолжи со увид на лице место. Судии и вештаци вршеа идентификација на парцелата каде лежи дивата депонија во Струга и големината на натрупаниот отпад, кој изнесува десетина метри под и дваесетина метри над земја. Тужителите повикаа на итна дислокција на дивата депонија која е на само 500 метри од куќите во градот. Иако последните неколку години нема спалување на депонијата, вештачењата потврдија дека таа го загрозува здравјето на луѓето, но и ги загадува водите и почвата.
-Ова чудовиште кое што се наоѓа непосредно во близина на гардот Струга треба да биде дислоцирано, а поентата на денешното рочиште за увид на лице место е да го увериме судот, странките и јавноста во постапката, вели Григор Ќатоски адвокат на тужителите.
-Очекуваме судот со денешниот увид на лице место да ги утврди сите факти кои понатаму би воделе кон донесување на пресуда за ефикасно решавање на овој конкретен проблем а нашата цел е преку пвој конкретен случај да постигнеме ефикасно управување со отпадт низ цела држава“, вели Бојан Трпески, тужители Македонското здружение на млади правници.
Адвокатот на општината, која е една од тужените страни во судскиот процес заедно со министерството за животна средина, вели дека проблемот треба да го реши владата бидејќи законот налага изградба на регионални депонии.
-Државата донесе прописи со кои овој проблем ќе го решава регионално, што значи ние не можеме да постапиме поинаку мораме да го чекаме решението од државата“, вели Драган Коровешоски адвокат на општината.
На годишно ниво во Струга се произведуваат околу 40 000 тони смет, кој со години се трупа на дивата депонија во самиот град.
Новинар: Соња Рилковска