Одржана втората Мавровска тура

Над илјада велосипедисти од нашава земја, вчера учествуваа во втората Мавровска тура.

 |  Крсте Голабовски  | 
Mavrovo tour
Мавровска тура

Mavrovo tourВо должина од 32 километри, вљубениците во велосипедизмот и природните убавини се обидоа Националниот парк Маврово  да го промовираат како место кое македонските и меѓународните туристи
мора да го посетат.

Одржана втората Мавровска тура. Овој спортско рекреативен настан  беше во организација локалната самоуправа од Селото Ростуше, Националниот парк Маврово, Македонската велосипедска федерација и амбасадата на кралството Холандија во нашата земја. Турата и реконструираниот плоштад Маврово, ги отворија амбасадорката Симеоне Филипини, градоначалникот на Маврово и Ростуше, Мукрем Мехмеди и директорот на НП Маврово, Онер Јакуповски. На велосипедистите им се придружи и евроамбасадорот Еврван Фуере.

Mavrovo tour

Целта на Мавровската тура е Националниот парк Маврово да се промовира како место кое македонските и меѓународните туристи мора да го посетат. Единствено не беше спроведено ветувањето на амбасадорката Филипини, за организиран превоз од сите градови. Само за скопјани беше достапен бесплатен превоз до Маврово, додека за велосипедистите од останатите градови остана само пуста желба.Еден ден пред настанот од страна на организаторите беше спроведено заедничко подигање на сметот на излетничките места околу езерата. Беа подигнати два камиони смет. Оваа тура има хуманитарен карактер, а сите собрани средства ќе се донираат за изградба на интензивна нега на Универзитетска клиника за детска хирургија во Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top