Одличен познавач на фудбалските случувања, вљубеник во правото, позитивен пример за своите деца -вака себеси се опиша кандидатот за градоначалник Славко Котески од Вмро Дпмне од Струга.
Одличен познавач на фудбалските случувања, вљубеник во правото, позитивен пример за своите деца -вака себеси се опиша кандидатот за градоначалник Славко Котески од Вмро Дпмне од Струга.
Правото го познава многу добро, штом тоа го работи му се чини дека игра кошарка. Сеуште е заљубен во правните науки, што се и негова професија. Ова е дел од професионалниот портрет на кандидатот за градоначалик од Вмро Дпмне, Славко Котески.
„Иако поголемиот дел од денот му е исполнет со работни обврски, наоѓа време остатокот од секојдневието да го помине со семејството“-истакна Котески.
Сопругата Иванка вели, има од кого да учат нашите синови.
Пракса ни е, вели Котески заедно со семејството често да патуваме и да се дружиме со пријателите. За релаксација знае да прочита добра книга. Во неговата библиотека најчесто се наоѓаат делата на Габриел Гарсија Маркез и Иво Андриќ. Слободното време го користи за трчање и пешачење. За себе вели дека е добар познавач на спортот. Од 10 години води статистика за фудбалските случувања во светот, и смета дека е одличен познавач на оваа област.
Котески истакна дека досега воопшто не планирал да претендира за градоначалничката фотеља. Но ете тоа било божја воља, рече Котески.
Струшката јавност кандатот за градоначалник од Вмро Дпмне го знае како адвокатот Славко Котески. 45 годишниот Котески е фамилиарен човек, сопруг веќе 22 години и татко на две деца.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град