Одброени деновите на дрвениот мост во Струга

Дефинитивно на негово место ќе се постави нов. Ова е најновото ветување од локалната самоуправа.

 |  Билјана Колоска  | 
most
мост

Дрвениот мост во Струга ќе се отстранува. Стариот и дотрајан објек која ја поврзува едната со другата страна на реката Црн Дрим, ќе биде заменет со нов. Ова е најновото ветување на локалната самоуправа во Струга. ТВм во неколку наврати апелираше да се превземат мерки да се отстрани или санира истиот, но залудно. За неговата опасност доколку тој  остане во ваква состојба алармираат и граѓаните.

Дека моменталната стуација на дрвениот мост е влошена констатирала и мешовитата комисија, составена од експерти а е формирана исклучиво за овој проблем. Истата направила записник во кој е утврдено,  наместо постојано да се прави санација на дрвениот мост, да се изгради нов.

mostСеуште не е утврдено каков би бил новиот мост  кој треба да на се постави на  местото од постоечкиот дрвен. За тоа дополнително ќе се одлучуваат група експерти, дали тој ќе ја задржи автентичната конструкција или ќе биде метатален. Без оглед на тоа, за реализација на проектот ќе се трошат пари од општинскиот буџет.

Гулицоски ветува дека градежните зафати за нов мост ќе траат кратко. Доколку активностите според планот, започнат во месец април, тогаш струга ќе добие нов мост пред туристичката сезона, истакна секретарот на општината.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top