Училиштата во Струга, се во лоша финансиска состојба и во голем долг. Образванието во Струга пред колапс. И покрај големиот долг со кој се соочуваат струшките образовни установи, средствата од буџетот на општината за нив се намалени. Овие податоци се според информациите со кои располага советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, кои на последната седница на Совет и јавно ги обелоденија.
Одговорот кој Аврамоски го побара за некоја наредна седница на совет, го доби веднаш од градоначалникот на општината Рамиз Мерко. Мерко рече дека во основните училишта недостасувале средства за услужни дејности. За тоа веќе имале поднесено извештај до Министерството за образование, од каде се чека новиот министер да одлучи колку средства треба да се одобрат за таа намена, додава Мерко.
И покрај сериозноста на проблемот градоначалникот на Струга смета дека вистинското решение за овој проблем е изнајдено и директорите веќе потпишале договор за плаќање на рати со компанијата на која и должат. Мерко за наредната грејна сезона рече дека ќе бидат поекономични, така што размислуваат да отворат тендер за алтернативно греење или греење на пелети, кое било два пати поефтино отколку со нафтени деривати. Тендерот треба да се распише наредниве денови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град