И годинава струшките земјоделци ќе можат да конкурираат за добивање средства од Програмата за рурален развој за 2012 година. Таа, од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше објавена вчера.
Струшките земјоделци на истекот на оваа календарска година ја дочекаа програмата за рурален развој за 2012. Станува збор на популарната програма „педесет проценти“, вели Слаѓана Калајџиеска Бебекоска, од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Струга. Таа појасни дека програмата се однесува на набавка на земјоделска механизација.
„Набавка на трактори и друга опрема во земјоделството, за која што најпрво земјоделците конкурираат односно бараат да им биде одобрена набавка, а ако склучат договор после тоа добиваат 50% од инвестираните средства“-вели Бебекоска.
Интересот за аплицирање за Програмата за рурален развој кај струшките земјоделци од година во година расте, нагласува Бебекоска. Но секогаш предност се дава на оние земјоделци кои се осигурани, додава таа.
„Средствата секоја година се различни има ограничувања и многу пати се случува многу да конкурираат но сепак сите не можат да добијат и затоа се дава предност на оние кои плаќаат придонесите за пензиско и здравствено по основ земјоделец“ -рече Бебекоска.
Според Бебекоска интересно е да се каже тоа што во струшко има интерес и кај млади земјоделци од осумнаесет до четириесет години кои се регистрирани како земјоделци и кои се занимаваат со земјоделска дејност. Па оттука Програмата за рурален развој е добар пример за поттикнување на земјоделското стопанство сметаат од Агенцијата. Рокот за аплицирање за користење средства од оваа програма истекува на 28 декември годинава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град