Обилните врнежи од дожд не пожелни

Велат, дождот носи бериќет -ако  во иднина продолжат обилните врнежи тогаш ништо од бериќетот, велат стручните лица.

 |  Билјана Колоска  | 
lokva
локва

Интензивните врнежи од дожд, не се добредојдени за граѓаните. Променливото време, освен што негативно влијае врз здравјето на луѓето, штети и на земјоделските култури. Обилните врнежи  колку што се од корист толку се и на штета на земјоделските производи, предупредуваат стручните лица.

„Позитивно влијаат на културите на  кои им се потребни поголеми количини  вода , но кај  другите,  можат да предизвикаат бројни болести. Таков проблем се јавува кај  лозјата и овошките“-вели Слаѓана Бебекоска-Калајџиеска од агенцијата за развој на земјоделство во Струга.

kanalИ еколозите се со слично мислење. Велат доколку обилните врнежи од дожд продолжат и во наредните денови, тогаш може да очекуваме било каква еколошка катастофа.

„Вакво време не е вообичаено за овој период од годината. Велат, дождопт носи бериќет, но ако и во иднина продолжат обилни врнежи тогаш сигурно нема да донесат бериќет“-вели Мате Гогоски од еколошко друштво „Енхалон“.

Додека стручните лица се загрижени за природата и земјоделските производи, граѓаните пак имаат друга мака. Велат доколку ваквото променливо време продолжи и во наредниот период,  тогаш најверојатно нема да има  ништо од летната сезона.

Според метеоролозите, врнежи од дожд се очекуваат и во наредните неколку дена. Сонце ќе видиме дури од следната  недела.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top