Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ф.Р.(50) од струшкото село Долна Белица.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ф.Р.(50) од струшкото село Долна Белица.
Тој, на седми овој месец, со нож го нападнал Љ.Д. (79) од Струга нанесувајќи му тешки телесни повреди-посекотина на врат во должина од околу 16 сантиметри.
Настанот се случил во 20 часот и 30 минути на улицата „ЈНА“ во Струга, каде сега пријавениот, во видно алкохолизирана состојба, го забележал Љ.Д. кој со тапан најавувал дека е време за вечера според муслиманскиот рамазански пост. Тука, Ф.Р. го пресретнал сега повредениот, го извадил ножот и му задал удар во пределот на вратот по што веднаш избегал.
Со брза интервенција, полициските службеници го пронајдоа Ф.Р. При извршено алкотестирање, кај него констатирани се 2,24 промили алкохол во крвта.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град