Годинава иако беа најавени современи тезги сепак нема да се реализира оваа идеа.
Новогодишни реквизити и годинава ќе се продаваат на тезги распоредени в долж на струшката чаршија. Вообичаено пред новогодишните празници тезги се поставуваат од двете страни на шеталиштето.
Граѓаните на Струга велат доколку тезгите се правилно распоредени по шеталиштето на чаршијата, истите не би им сметале на стружани.
Директорот на ЈП.Коминално истакна дека во соработка со комуналните инспектори при општина Струга, ќе се погрижат да не се ремети нормалниот тек по чаршијата. Додаде дека постои идеа тезги со новогодишни реквизити да се продаваат и по кејот на Дрим, но сеуште не е дефинирано на кои места. Иако првиот човек на Комунално, вети оти годинава ќе се постават совемени дрвени тезги, сепак по се изгледа оваа идеа нема да се реализира пред новогодишните празници.
„Ќе направиме некоја комбинација од стари и нови тезги. Истите ќе изгледаат убаво и нема да го нарушуваат имиџот на градот. За тоа ќе се погрижиме ние и инспекциските служби, вели Ваљон Џила, директорот на ЈП.Комунално.
Бројот на тезгите сеуште не е одреден но највероватно тоа ќе биде како минатата година, ќе се поставуват околу 20-тина, но доколку интересот е поголем, тогаш ќе има отстапување, вели директорт на Комунално.Тезгите ќе бидат поставени на почетокот на следниот месец, а надоместот кој треба да го плати корисникот изнесува 3 илјади денари за користење тезга во период од 30-тина дена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град