Ново училиште во Струга

Централната и Локалната власт се договорија – во  Струга за една недела треба да се постави камен темелник за ново училиште.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ramiz Merko
Рамиз Мерко

Централната и Локалната власт се договорија – во  Струга за една недела треба да се постави камен темелник за ново училиште.

lokacijaВо моментов се решаваат имотно правните односи, потври градоначалникот Рамиз Мерко. Додека се изгради училиштето, просторните проблеми во Нико Нестор и Ибраим Темо, ќе се решат со поставување монтажни бараки.
На 27 јули, треба да се постави камен темелник за изградба на ново средно училиште. Ова било договорено на вчерашниот состанок, помеѓу градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вице премиерот Абдучаќим Адеми, министрите за образование и транспорт и врски, Никола Тодоров и  Миле Јанакиевски.  

И во Деталниот урбанистички план  на град Струга одбраната локалација е намената за образование, за Тв М потвдува градоначаникот Рамиз Мерко. Тендерот е веќе завршен, одбран е и изведувач, треба само да се подготви документацијата за градба, додава тој.

„Ние сме во фаза на доизградба на нови простории, но и тие нема да бидат доволно за спроведување на настава. Ново училиште ни е повеќе од неопходно“, признава директорот на средното општинско училиште Нико Нестор, Никола Затуроски.

„Просторните проблеми ќе се решат со монтажни бараки. Ќе направиме се сите проблеми со кои се соочуваа децата и професорите минатат година, од септември да ги нема“, вели Мерко.

Денеска и од министерството за образование ја потврдија информацијата дека во Струга покрај  постојните две – „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор, ќе се изгради уште едно училиште. “. Ново седно училиште во Струга е потребно поради големиот број ученици и со него ќе се намали оптовареноста на двете училишта кои имаат мал простор за квалитетен наставен процес, вели Заменик-министерката за образование и наука Линдита Ќазими.  
Таа негираше дека училиштето ќе биде наменето за одредена етничка заедница и нагласи дека одлуката има само една цел – да се зголеми просторниот капацитет за средно образование во општина Струга. Инаку ТВ М  дознава дека, додека се изгради новото училиште децата и во новата учебна година ќе учат по договорот од март, во јазични смени. Сепак за ова прашање  крајниот збор треба да го дадат од министерството за образование, вели анонимен извор за ТвМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top