Нови постојки во Струга

Струга се поднови. Доби 13 автобуски постојки, со средства во износ од 600 000 илјади денари, донација на Т-Мобиле, Македонија. Сега стружани нема под отворено небо да чекаат превоз до потребната дестинација.

 |  Николоска Биљана  | 
postojki
постојки

Десет илјади евра, за нови автобуски постојки во Струга. Средствата стигнаа од компанијата Т-Мобиле. Ги испочитувавме сите законски прописи за наменското искористување на парите, а делото е пред граѓаните на Струга и струшко, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

postojki„Имавме една донација од Т-Мобиле од 10 илјади евра. Распишавме тендер, кој го доби фирма од Струга и денес ги гледате и поставени автобуските постојки не само во градот туку и во руралните средини“-изјави Мерко.

Пред година и пол Локалната самоуправа со средства на Прокредит банка во висина од 5000 евра, ги обнови автобуските постојки во Струга, но истите од страна на несовесни граѓани беа демолирани и нефункционални. Мерко порача да не се уништуваат постојките бидејќи тие се во интерес на граѓаните.

„Ќе апелираме на граѓаните да ги чуваат, тие се за нив, да се засолнат со еден збор едно пристојно место да се чека превоз“.

Новите автобуски постојки се поставени на 13 локации, од кои три во градот а останатите во руралните средини, населбата Езерски лозја, Враништа, Радолишта, Мороишки мост, Драслајца, Велешта, Делогожда, Калишта и Луково. Останува да видиме дали јавната свест на стружани ќе проработи и овој пат новите автобуски постојки ќе бидат зачувани.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top