Се уредува централното градско подрачје во општина Струга. Во моментов раскопана е долната страна од двата кеја на реката Црн Дрим, каде не само што се работи на поставување на дрвениот мост, туку старите лизгави и испокршени коцки ќе се заменуваат со нови.
Во Струга се гради. После реконструкцијата на едната страна од кејот на реката Црн Дрим, Локалната самоуправа продолжува со градежни зафати. Во моментов, долниот дел од кејот на реката Црн Дрим од двете страни е раскопан и се очекува да почне поставувањето на нови плочки. Стружани велат дека општина Струга со овие зафати покажува дека е одговорна Локална самоуправа која се грижи за изгледот на градот и потребите на граѓаните.
„Супер е …добро е тоа што се гради. Добро е …но споменици не ни требаат, потребна е работа за младите..убо е што се реновира но младите ни бегаат од државата овде треба работа за младите а не само пензионерите да живеат.
Многу е позитивно ова што се реновира и гради, не гледам ништо лошо. Се што се прави е добро.
Супер е …многу е убаво и понатака да продолжи реновирањето…поддршка имаме од градоначалникот дека ќе настојува и другиот дел од кејот да го направи. моментално е ископано и убаво е што се гради. нормално дека е во ред, мора да продолжи со ова темпо за градот и граѓаните да почуствуваат дека нешто се менува се работи“ – велат граѓаните.
Во плановите на Локалната самоуправа е и реновирање на горниот дел на градскиот кеј од неговата западна страна, почнувајќи од Мостот на Поезијата до мостот во центарот на градот. Со ова Струга ќе добие модерно централно градско подрачје кое е најпосетувано од страна на туристите. Во меѓувреме се реновира и целосно запуштениот споменик во центрот на Струга, наспроти зградата на општината.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град