Револтирани се на терминот „Службено прифаќање на христијанската вера“. Ваковј поим не постои, велат свештените лица.
Терминот „Службено прифаќање на христијанската вера“ ги збуни експертите, свештените лица но и граѓаните. Пред два дена на веб порталот на ТВМ пристигна коментар од граѓанин на Струга кој побара од нашата информативна редакција да му ја разреши дилемата, Што значи „Службено прифаќање на христијанската вера“?. Инаку, како што стои во коментарот, овој термин може да се види на промотивен материјал издаден од Општина Струга, а е во контекст дека „Изградбата на христијанските храмови во Струга и околината, започнува со службеното прифаќање на христијанската вера“.
Со цел ТВМ како и досега да им излезе во пресрет на гледачите, за значењето на овој термин се консултира со свештените лица.
Тие велат дека прв пат слушаат ваков пои, доколку е пропуст на Општината веднаш да ја исправат грешката, додаваат тие.
Ваквите брошури, испечатени на македонски и албански јазик се дистрибуирани и сеуште се делат на граѓаните, посетителите а се ностат и на сите саеми каде учествува Струга. Терминот „Службено прифаќање на христијанската вера“ го има само на македноските и албанските пропагандни материјали, во оние на англиска верзја е употребен поимот „Официјално“.
Од општина Струга си ја признаваат грешката. Велат ненамерно е направен превид во печатењето на брошурите.
„Најверојатно вработените кои ја изработувале брошурата а се албанци не го знаеле зборот „Официјално“ да го преведат соодветно и го употребиле овој термин, со сигурност без некоја намера“-вели м-р Зоран Гулицоски, секретар на о.Струга.
При секое печатење на пропаганден материјал треба да биде формирана редакциски одбор за да ги усогласат ставовите околу одредени прашања. Токму тоа е и пропустот на овие брошури, вели секретарот и признава дека тој прв пат ги гледа овие материјали. Додава, граѓаните кои ги виделе и прочитале брошурите сигурно нема оваа грешка да ја сватат како навреда од страна на општината.
Гулицоски ветува дека ваквата ненамерна грешка веднаш ќе биде поправена. Ќе биде направена корекција на брошурите и такви ќе бидат пуштени во употреба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град