Нова современа фабрика за месни преработки во Струга

Фабриката „Подгорка“ е најголемата ипард инвестиција досега реализирана  во земјава тешка 4,5 милиони евра од кои половината  се од европските фондови. На денешното отворање присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кој истакна дека „Подгорка“ е вреден пример што треба да се следи.

 |  Соња Рилковска  | 

Во Струга денеска беше отворена нова фабрика за месни преработки. Станува збор за домашна инвестиција вредна 4,5 милиони евра од кои половината  се од европските фондови.  Фабриката „Подгорка“ е изградена со финансиска поддршка од 2,1 милиони евра од Мерката 3 – Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2 програмата.

Новиот објект е распослан на 20 000  метри квадратни со 55 вработени. 

На денешното отворање присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кој истакна дека „Подгорка“ е вреден пример што треба да се следи.
„Посебно ме радува тоа што станува збор за домашна компанија што отвори нови работни места и донесе нова вредност во нашата економија. Сакам да ги охрабрам сопствениците и инвеститорите и понатау да влегуваат во нови инвестиции. Владата и институциите се тука да бидат ваши партнери во создавање на поволни услови за раст и развој на вашите планови. Радува извозната ориентација на оваа компанија, која освен на домашниот пазар планира своите производи да ги пласира и на пазарите на странство со доминантност во Албанија“ , рече Заев.

Од бизнис идеја до најсовремена месна индустрија за преработка на свежо месо по најсовремени Хасап и Исо стандарди. Објектот содржи хали и погони за преработка на месо, ладилни комори и  фотоволтаична електроцентрала.

„Нашата идеја беше да направиме нешто по што ќе се разликуваме од останатите. Сакаме да ги менуваме навиките на нашите граѓани. Ние во овој објект ќе расекуваме и пакуваме свежо разладено месо кое што е тренд во Европа и целиот свет. Да почнеме да ги промениме навиките на користење на храната односно здрава храна“, вели Мевмед Џемаилоски сопственик на фабриката.

Фабриката „Подгорка“ е најголемата ипард инвестиција досега реализирана  во земјава.
„Морам да кажам дека ова е мкжеби еден од најголемите агрокултурни проекти кои сме го виделе во Македонија. И веројанто најголемиот реализиран Ипард проект во македонија досега“, истакна шефот на одделението за претрпистапна помош од Европската комисија Лијам Бреслинг.

Со јакнење на домашниот агро сектор претрпијатијата стануваат многу поконкурентни се отвораат нови работни места. Домашните земјоделски производи добиваат вредност која позитивно се одразува на бруто домашниот производ. Затоа ги охрабруваме сите да аплицираат за добивање на средства преку Ипард 2 програмата“, истакна директорот на  Платежната  агенција Никола Бабоски.

Струшката фабрика „Подгорка“ заедно со бројните други бизнис иницијативи во земјава е мошне значајна за задржување на младите во земјава, рече премеирот Заев. Планот на сопствениците е наскоро проширување на фабриката со дополнителни погони и нови вработувања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top