Нова кражба на икони во струшко

Од „Свети Архангел Михаил“од С.Ташмаруништа, украдени се 9 икони и две позлатени царски порти.

 |  Билјана Колоска  | 
Sv. Arhangel Mihail
Св. Архангел Михаил

Уште една провалена црква во струшко. За само дестина дена ова е втора кражба на верски објект во струшкиот регион. Овој пат мета на вандалски чин е црквата „Свети Архангел Михаил“ во село Ташмаруништа. Непознатите сторители одзеле девет икони и две царски порти кои биле позлатени.

ikonostas„Ова не е прва кражба во селото, но едиствена е од ваков карактер“- раскажува претседателот на Црковниот Одбор, Петар Филипоски. Често во помалите цркви се случуваше да се украдени парите но не и на икони, додава тој. Во селото сеуште не знаат  кога точно се случила кражбата, претпоставуваат дека вандалскиот чин бил извршен во саботата вечерта.

Тешката кражба е извршена на речиси идентичен начин како и онаа која неодамна се случи во црквата Св. Богородица во село Долна Белица.  Сторителот со предмет го искршил катанецот од влезната врата, ја искршил металната шипка која ја потпирала вратата, влегол внатре ги одзел горенаведените предмети.

Стручните лица се сомневаат оти во овој случај е инволвирана организирана криминална група, истата што претходно провали во црквата во село Белица. Директорот на струшкиот музеј е загрижен оти украдените икони и другите вредни предмети од двете цркви можеби се далеку од нашава земја.

„После состојбите на граничните премини ништо не не изненадува. На царина може да пренесете се доколку платите, па не не изненадува и фактот дека иконите и другите предмети се надвор од Македонија“-вели  Сашо Цветкоски, директорот на музејот „Никола Незлобински“,

Местата каде се лоцирани  верските објекти се фреквентни но тоа не е пречка да нема кражби, а што е со оние дугите каде речиси и да нема жители. Мора итно да интервенираме да се заштитат истите, додаде директорот. Струшкиот музеј ќе превземе акција за дополнитела контрола на сите верски објекти во регионот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top