Нов повик по нова стратегија од 2016 – 2018, год за искористување на средства за мали грантови. Програмата беше претставена пред невладиниот сектор од Струга и на дел од здруженијата од Охрид. Интересот на еколошките здруженија за малите грантови на Глобалниот еколошки фонд во Македонија, беше голем.
Во Струга денес за прв пат беше презентирана програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд во Македонија. Како што открива М-р. Златко Самарџиев, националниот програмски координатор на ГЕФ, постои голем интерес на струшките здруженија за овие грантови. Тој рече дека постојат прашања и проблеми на струшкиот невладин сектор кои би можеле да бидат адресирани на програмата за средства за мали грантови
„Правилата на програмата за мали грантови се, дека само здруженијата на граѓани имаат права на овие средства, додека пак средните и големите грантови на ГЕФ се достапни за државите. Има заинтересираност и ќе можат да се пријават здруженијата на граѓани и пожелно е и како правило беше дека со Локалната самоуправа склучуваат партнерство за да се исполнат одредени активности, затоа што општината мора да биде прашана…бидејќи не можеме ние да навлегуваме во ингеренциите на општината, но со комуникација и разбирање кој што ќе прави во одреден период за подобра животна средина е изводливо, се склучува договор се потпишуваат работите што ќе се изведуваат, кој и како ќе ги изведува и тоа се прави за доброто на сите“.
Самарџиев појасни во која сфера од екологијата здруженијата на граѓани најмногу можат да добијат средства од програмата за мали грантови.
„Највидливо би било во областа на намалување на влијанието на климатските промени. Тоа е енергетска ефикасност, намалување на искористување на фосилните горива, како што се јаглен, нафта, да се искористи сончевата енергија и обновливите извори на енергија“ – вели Самарџиев.
Презентацијата се одржи во Центарот на Заедницата на општина Струга. На неа присуствуваа прертставници ан еколошките друштва од охридско – струшкиот регион.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град