8 ми Ноември светол датум за Струга

Одбележан денот на ослободувањето на Струга. Во организација на Општинската организација на Сојузот на струшките борци, денес, пред бистите на паднатите борци во НОБ, како и пред споменикот на револуцијата беше положено свежо цвеќе. Во одбележувањето се вклучија и најмладите, децата од предучилишна возраст.

 |  Николоска Биљана  | 
bista
биста

osloboduvanjstruga8 ми Ноември светол датум за Струга. Пред точно 68 години на овој датум беше ослободена Струга. По тој повод во организација на Сојузот на струшките борци со низа свечености се одбележа овој ден. Најпрво беше положено свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци, па се оддржа свечена академија и на крај во просториите на Сојузот на борците имаше и коктел за членството и присутните гости. Претседателот на борците од Струга, Ајредин Мемеди, истакна дека добро е на еден ваков ден да се каже за историскиот момент за ослободувањето на градот и за тоа како одекнала веста во раните утрински часови на 8 ми Ноември 1944 год.

„Ноќта помеѓу 6 и 7 Ноември НО војска ги завзеде своите позиции и околку 4 и 45 минути ги нападна Германските единци. Тој напад германските едниници не можеа да го издржат и почнаа да се повлекуваат од Охрид преки Струга за да заминат за Албанија“ -вели Мемеди.

bistadeca„Борбите за Струга беа тешки и крвави“, се присетува Илија Балоски, кој е единствен жив свидетел, борец и кој директно учествувал во ослободување на Струга од фашистичкиот окупатор.

„Беше есен беше ладно а ние бреме голи и боси ние бевме слабо наоружани, пред нас имаше дел од една монолитна армија, против која требаше да се бориме која беше усидрена во Струга. Ние останавме доследни нашите борци нашите другари од Струга имаше 25 во една од тие бригади, во прва македонска бригада, тие со градите свои ја отворија вратата на слободата а некои од нив паднаа мртви како вечни чувари на вистината, на победата над злото“-вели Балоски.

Балоски денес се радува и тагува, вели дека ослободувањето на Струга го памети по светлината на денот. Таков е и денешниот ден, додава тој.
Ослободувањето на Струга го одбележаа и децата од предучилишна возраст од струшката градинка. Тие исто така на бистите на паднатите борци од НОБ положија свежо цвеќе. И годинава градоначалникот на Струга Рамиз Мерко испрати свои претставници но тој лично не присуствуваша на одбележувањето иако уредно беше најавен неговиот говор.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top