Денешната работилница претставува подготовка за имплементација на „Законот за дискриминација“, донесен од Собранието на Р. Македонија во април годинава, со цел граѓаните кои припаѓаат на различна етничка заедница, со психофизички недостатоци но и сите кои припаѓаат на различна вера и религија ќе се најдат во Законот кој треба да овозможи почитување на разликите без оглед кој на која група припаѓа. Законот за Дискриминација во Р Македонија е изготвен како резултат на потрбите во РМакедонија но и препораките на ЕУ, вели претставникот на Министртвото за труд и социјална политика, Елена Грозданова.
Праксата покажува дека во Македонија беше повеќе од потребно донесување на „закон за дискриминација“. Тоа го потвдуваат и оние кои секојдневно се среќаваат и дискутираат со жртвите на дискриминација – невладините организации.
„ Имаме случаи на прајавени за дискриминација на работни места, но присутни се и полова и верска дискриминација“, вели Драгица Попоска од НВО „Езерка“, Струга.
Претставникот на МТСП, Грозданова сите кои сакаат да се запознаат со она што значи дискриминација, но и сите кои се почувствувале дека немаат права како останатите им препорачува да се обратат за помош.
„ Доколку граѓаните препознаат дискриминација по било кој основ вклучително и основот род, пол, можат да се обратат до народниот правобранител но од наредната година од јануари 2011 год. кога согласно овој закон ќе биде формирана комисија за заштита од дикриминација. Оваа комисија ќе ја избере парламентот, собранието со цел да им помогнат на сите кои сметаат дека се дискриминирани да го докажат тоа и да добијат надомсток за направената штата врз основа на дискриминација“, вели Грозданова.
Инаку денеска во Струга беше промовира проектот „Разликите се наша предност“, финансиран од страна на ЈУ ЕН ДИ ПИ. Партнери на проектот се здружението на граѓани Толеранца – Струга, здружението на граѓани ПУНТЕ.
Проектот трае шест месеци, а негова целна група се млади од рурални средини и од градот од 14 до 22 годишна воздраст, но и верски лидери, владини институции, локална самоуправа и невладини организации.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град