Никако епилог за „Пливалиште“

Иако на рочиштето за несреќата на „Пливалиште“ се појави Професор Доктор Милан Чундев, сепак до претресот не дојде поради, отсуството на Димитрија Цобоски, адвокатот на обвинетиот Гоце Јанески.

 |  Голабовски Крсте  | 
sudnica
судница

Никако до разврска на судскиот спор за несреќата на Пливалиште. Според упатствата дадени од страна на Апелациониот суд, односно во решението, со кое е укината првостепената пресуда, беше наложено да се изврши и дополнително вештачење од страна на професор Милан Чундев. Тој се појави во Основниот суд во Струга на денешниот судски претрес, за да ја разреши мистеријата што точно се случило за време на критичниот настан. Но до претресот не дојде поради, отсуството на Димитрија Цобоски, адвокатот на обвинетиот Гоце Јанески.

sudnicaИнаку правните застапници, и на обвинението и на одбраната, имаа доволно време да го разгледаат дополнителното вештачење на професорот Чундев и да достават приговор.

Овој судски предмет беше вратен на повторно судење откако Апелациониот суд во Битола ја укина претходната пресудата и ја уважи жалбата на бранителите на обвинетите. За обвинетите, Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески  одговорноста ќе се утврдува на секој од нив поединечно за кривичното дело за кое се товарат и тоа „предизвикување тешки дела против општата безбедност“.Во несреќата што се случи на 11 септември 2010 година на поставен шанк во комплексот Пливалиште, настрадаа тројца стружани, лекарите Јосиф Докоски и Киро Ѓоргоноски, како и Јоско Кувенџиески. Следниот претрес е зкажан за 11 септември оваа година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top