Последниот збор за законитоста, или не, за буџетот на општина Струга за 2012 година, ќе го кажат инспекциските служби од надлежното министерство за Локална самоуправа.
Заменик министерот за Локална самоуправа Сашо Лазарески, денeс оствари работна посета во Струга. Тој беше запознаен со најновите настани кои се случија околу донесувањето на буџетот на општината за 2012 год. По се изгледа Државниот инспекторат при Министерството за локална самоуправа ќе ја чешла постапката околу донесувањето на буџетот на општина Струга за 2012 година.После тоа ќе се знае дали овој акт кој предизвика големо внимание во јавноста, според укажувањата на членовите на партијата на власт, е или не, законски донесен, вели Лазарески од министерството за Локална самоуправа.
Недолични политички игри. Вака градоначалникот Рамиз Мерко ги нарече обвинувањата околу законитоста на донесувањето на буџетот на општина Струга, искажани од страна на членството на ВМРО – ДПМНЕ. Мерко вели дека со ова се посега кон рушење на институција бидејќи буџетот е точно тоа.
Мерко тврди дека буџетот е законски донесен и истиот е прочитан во трезор во Министерство за финансии и средствата за 2012 веќе се трошат. Тој исто така кажа, дека сметките во партијата на власт во Струга се мешаат и дека тука има непочитување на хиерерхија. Дали состојбата околу буџетот ќе остане ваква или ќе има нови ескалации во врска со овие случувања, останува да видиме. На потег е државниот инспекторат при Министерството за Локалана самоуправа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град