Серија сериозни обвинувања кон актуелното централно раководство на Владата на Никола Груевски денеска упатија од струшкиот огранок на ДПА. Образованиот систем во Струга болна точка, за која не гледаат излез од ДПА. Тие се крајно револтирани од посетата на Претседателот на Владата на РМ Никола Груевски во Струга, која ја коментираат дека е почеток на една злонамерна агенда на актуелното партиско водство.
Решението кое го понуди Груевски за проблемот во средното образование само ќе ги зголеми меѓуетничките тензии, бидејќи тоа не е ништо друго само борба за добивање поени вели претседателот на ДПА Струга Зијадин Села, кој додава дека албанците нема да го дозволат тоа. Во обвинувањата на огранокот на ДПА од Струга, стои дека озлогласениот план за прераспределба на учениците врз етничка основа е солуција за решавање на проблемот со средното образование. Тоа е дел од планот на Владата и Мерко, но воедно тоа е политика на поделба и пазар на Али Ахмети велат од огранокот на ДПА.
Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, во својот коментар околу овие обвинувања, рече дека секој си има свое право каде да се школува и местото на учениците им е во школските клупи.
Од ДПА апелираат, до граѓаните на Струга, професорите, учениците и родителите, да се дистанцираат од манипулантите кои што ги користат учениците за бизнис и политички цели. Тие искористија прилика на сите верници од исламска вероисповест да им го честитаат Рамазан.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град