Неопходна итна санација на кровот на струшкиот Завод за нефрологија

Полека се санира состојбата на болничкиот оддел во струшкиот завод за нефрологија. При синоќешниот пороен дожд покривот прокисна и неколку соби беа поплавени. Тоа се случува со години и потребна е целосна реконструкција на кровот, за што еден тендер бил објавен во април и пропаднал, а нов ќе се објавува есенва.  

 |   | 

Полека се санира состојбата на болничкиот оддел  во ЈЗУ Завод за нефрологија Струга по синоќешното прокиснување на таваните. При вчерашниот пороен дожд неколку соби на овој оддел беа поплавени. Медицинскиот персонал ги преместил десеттината пациенти од одделението и  била исклучена струјата за да не се случи поголема хаварија. Пациентите велат дека се задоволни од медицинскиот персонал но не  и од условите во оваа јавна здравсвена установа.

„На некој начин ова е рак рана на болницата, кровот. А другите услови се како што треба. “

„ Грмеше , врнеше , но ние не сме таму и не одевме да гледаме. Инаку треба да се направи ова е како хорор со плафоните и тоа што протекуваат“

„Јас многу сум благодарен и задоволен од условите и од лекарите и сестрите, многу се присутни кај пациентите“

Проблемот со прокиснување на кровот се провлекува со години. Ресорното министерство е информирано, вели вд директорот д-р Александар Попоски. Тендер за изведувач кој ќе го санира кровот бил објавен во април годинава но бил поништен. Есента е на прагот а допрва ќе се објавува нов тендер.

„Кровот е во лоша состојба на повеќе страни . Пробавме со една дењлумна реконструкција но се покажа како недоволно . Потребно е комплетно реновирање . Имаме техничка документација и проект кои се предадени во ресорното министерство кое ја има преземено обврската и се надевам дека во најскотро време ќе го решиме овој проблем во интерес на пациентите , вработените и сите кои ги јкористат услугите на специјализираната болница за нефрологија. “ – изјави д-р Александар Попоски, В.Д директор на ЈЗУ Завод за нефрологија Струга.  

Заводот за нефрологија опслужува огромен број пациенти од  регионот. Моментално има 100 пациенти на одделение, 120 на дијализа и амбулантски пациенти во голем број.   На почетокот на годинава  биле примени 7 мед сестри и има потреба за уште најмалку 5, информира директорот Попоски. Но поголем проблем е недостатокот на општи лекари. Во моментов потребно е вработување на најмалку 5 лекари.

„Моментално во однос на кревети и колички и апарати за дијализа имаме доволно за да можеме да опслужиме преку 200 пациенти на дијализа . Имаме дефицит на општи лекари . Специјалисти имаме доволно. Се надевам дека по завршената систематизација министерството ќе објави оглас и ќе примиме нови општи лекари .“ – вели Попоски.

Инаку Зградата на заводот за нефрологија е изградена во 1984 година. Во три и пол децении,  најмалку 15 години има проблем со кровот и прокиснување при секој поинтензивен дожд.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top